Барса победува и по славјето за титулата
![]()
Ваљадолид - Барселона 25:35 (10:14)
Против некогаш големиот ривал, а сега екипата од дното на ASOBAL лигата, Ваљадолид, Барселона на Кирил Лазаров го играше првиот меч по математичката потврда на титулата. Мечот на северот на Шпанија претставуваше генерална проба за каталонците за четвртфиналето на Лигата на шампионите против Рајн Ловен Некер. Лазаров по 93 секунди го постигна првиот гол на средбата, па Гонзалез и Андрес одговорија со серија од три гола (3:1).
ВИДЕО: Барса пред предизвикот наречен Рајн Ловен Некер
![]()
Архивирана титулата во ASOBAL лигата, големата Барселона ништо не препушта на случајноста и го подготвува наредниот предизвик. Утре изутрина патува за Ваљадолид, а овој меч со релативно послаб противник ќе им послужи на Лазаров и другарите за добра подготовка за двомечот со Рајн-Ловен Некер во наредните два викенда.
ВИДЕО: Како Барса направи спектакл од мечот за титулата
![]()
Иако во петок навечер, мечот кој ја потврди четвртата последователна титула на Барселона од самиот организатор и од ASOBAL лигата беше одлично подготвен. Каталонците убедливо го совладаа Арагон во меч пред 4000 гледачи и целосен спектакл пред и после завршувањето на натпреварот.
Вечера на шампионите и слободен викенд
![]()
Само прашање на време беше кога Барселона ќе ја освои шпанската ASOBAL лига и ќе ја продолжи серијата на последователни титули. Синоќа со победата над Арагон целта е остварена и сега момците на Пасквал пред себе имаат уште две цели за перфектна сезона. Освојувањето на Купот на шпанскиот Крал и Лигата на шампионите ќе заокружи сезона со седум титули, но за тоа Лазаров и другарите сеуште не размислуваат.
Лазаров прв мак-спортист со титули во четири различни земји
![]()
Денешната потврда на титулата првак на Шпанија е уште едно големо постигнување за македонскиот ракометар Кирил Лазаров. Тој во својата колекција додаде уште еден трофеј, со што освои четири национални првенства во четири различни земји. Имено по трофеите првак на Македонија со Пелистер, првак на Хрватска со Загреб Кроација Осигурање и првак на Унгарија со Фотекс Веспрем, сега следи титулата првак на Шпанија во дресот на Барселона.
ASOBAL титулата, 37 во кариерата на Лазаров
![]()
Со освојувањето на титулата од ASOBAL лигата најдобриот македонски ракометар Кирил Лазаров стигна до 15 титула национален првак во кариерата. Откако се радуваше на сите други трофеи во Шпанија, стигна и трофејот од шампионатот, со кој сега Лазаров има фантастични 37 трофеи во кариерата. Сезонава имаа опции за освојување и на Лигата на шампионите и на Купот на шпанскиот Крал.
Лазаров најдобар, Барса првак на Шпанија
![]()
Барселона - Арагон 48:22 (22:8)
Победа и во 26 натпревар од шпанската ASOBAL лига и математичка верификација на четвртата последователна титула на Барселона. Во мечот против Арагон, Лазаров и другарите не дозволија во ниту еден момент гостите од Сарагоза да им ја расипат забавата. По првите три напади веќе беше 3:0 за домаќините со лесни голови на Сармиенто, Томас и Хуанин Гарсија. Бековите на Арагон, Љоренте и Гарсија со два гола го доближија својот тим до 4:3 на истекот од 6 минута.
Швајцарија, Чешка и Франција ривали за пласман на ЕУРО 2016
![]()
Македонската ракометна репрезентација доби два стари познаници и еден новајлија во квалификациите за ЕП во Полска во 2016 година. Имено 10 репрезентација од последното европско првенство ќе биде во група со Франција, Чешка и Швајцарија, а само најдобрите две од секој група ќе се пласираат на наредниот континентален собир.
Во Барселона се подготвува ASOBAL славје
![]()
По ЕХФ неделата во Барселона во мир се подготвува мечот кој математички ќе ја верификува титулата и ќе му овозможи на Лазаров и другарите во мир да ги подготват последните две цели оваа сезоната - Лигата на шампионите и Купот на Кралот. В петок навечер во „Палау Блауграна„ гостува Арагон и со триумф уште една сезона по ред, каталонците ќе ја освојат ASOBAL лигата. Овој пат имаат и дополнителна цел.
Лазаров меѓу нај-спортистите на Битола во последните 50 години
![]()
Сојузот на спортови на Битола годинава одбележа 50 години од традиционалниот избор на 10 најдобри спортисти на градот. Од наредната година изборот ќе биде коренито променет во критериумите, а предвидено е да бидат повикани и сите претходни лауреати. Во 1999 година додека настапуваше во Пелистер како 19 годишно момче, Кирил Лазаров ја освои оваа награда пред мотоциклистот Горан Пановски и алпскиот скијач Александар Стојановски.




