
Во полуфиналето на Купот на шпанскиот Крал во ракомет во Памплона на 3 и 4 мај, Барселона која ќе се обиде да го врати трофејот во своите витрини ќе се соочи со домашната екипа Хелветиа Анаитасума, а второто полуфинале го сочинуваат Грањолерс и Хуеска.
Лазаров и другарите ќе го играат првото полуфинале од 18:30, а веднаш по нив од 20:30 на програмата е вториот меч од кој ќе произлезе вториот финалист. Финалето е предвидено за в недела на 4 мај од 17 часот. Трофејот од Купот на Кралот го брани Атлетико Мадрид, кој пред една година во Логроњо го совлада тимот на Натурхаус Ла Роха во меч за трофејот.