Лазаров: Македонскиот менталитет и нашата глава нè чинеа место во ТОП 12
![]()
Селекторот Кирил Лазаров е задоволен од победата, но селекторот има измешани емоции, посакувавме убедлива победа над Романија, но на крајот сме среќни што воопшто победивме.
Костески побрз од сирената, Македонија мининално ја совлада Романија
![]()
Македонија - Романија 24:23 (13:9)
Македонската ракометна репрезентација забележа драматична победа над Романија од 24:23 во последниот натпревар за нас во Б групата на Европското првенство.
Ојлески дополнително повикан по повредите на двете леви крила
![]()
Селекторот Кирил Лазаров, соочен со повредите на двете леви крила, Иван Џонов и Петар Атанасијевиќ, веднаш реагираше и повика нов играч.
Лазаров: Да ја повториме играта со Португалија и против Романија
![]()
По стартниот очекуван пораз од Данска, нашата репрезентација одигра нерешено со фаворитот Португалија и со тоа ја израдува нашата спортска и ракометна јавност, но исто така ги задржа своите шанси за пласман во главната рунда на ова Европско првенство.
Лазаров: Ни се срушија сите концепти, но се издигнавме и покажавме дека вредиме!
![]()
Македонија ги преброди сите проблеми со повреди и исклучувањето на искусниот дефанзивец Маркоски, па во интензивен и драматичен финиш, успеа да освои бод против фаворизираната Португалија која влезе во Европското првенство како полуфиналист на Светското првенство (29:29).
Македонија извлече реми со Португалија, капитенот Кузмановски постигна петнаесет гола
![]()
Македонија - Португалија 29:29 (13:15)
Македонија го освои првиот бод на Европското првенство во ракомет во Скандинавија. Македонската ракометна репрезентација покажа дека може да се носи со амбициозна селекција каква што е Португалија, а на крајот ни недостасуваше и спортска среќа во намерата да направиме и изненадување и да стигнеме до голема победа (29:29).
Лазаров: Португалија овде дојде по медал, но го нема квалитетот на Данска
![]()
Македонската ракометна репрезентација по натпреварот со Данска и поразот на стартот на Европското првенство, сега веќе размислува за следниот натпревар со Португалија.
Лазаров: Вакви резултати им се случуваат и на посилни репрезентации од нас
![]()
Македонската ракометна репрезентација со пораз од 36:24 против домаќинот Данска го започна настапот на Европското првенство, но селекторот Кирил Лазаров вели дека е задоволен од прикажаната игра, и покрај двоцифрениот резултат.
Светскиот првак пресилен, Македонија загуби во Хернинг од Данска
![]()
Данска - Македонија 36:24 (17:12)
Македонската машка ракометна репрезентација загуби од Данска со 36:24 (17:12) во првиот натпревар на Европското првенство. Во натпревар од кој реално немавме големи очекувања, нашиот настап треба да биде само вовед во она што ги очекува репрезентативците во продолжението од првата фаза.
Молдавци ќе го судат натпреварот Данска - Македонија
![]()
Европската ракометна федерација (ЕХФ) ја објави листата на судии за првото коло од Европското првенство 2026 година, кое ќе се одржи во Хернинг. За дуелот помеѓу Данска и Македонија, закажан за 16 јануари, одредени се молдавските судии Алексеј и Игор Ковалчиук.




