Барса победува и по славјето за титулата

Ваљадолид - Барселона 25:35 (10:14)
Против некогаш големиот ривал, а сега екипата од дното на ASOBAL лигата, Ваљадолид, Барселона на Кирил Лазаров го играше првиот меч по математичката потврда на титулата. Мечот на северот на Шпанија претставуваше генерална проба за каталонците за четвртфиналето на Лигата на шампионите против Рајн Ловен Некер. Лазаров по 93 секунди го постигна првиот гол на средбата, па Гонзалез и Андрес одговорија со серија од три гола (3:1).
До 10 минута со два гола на Касадо, виолетовите одржуваа водство од 6:4, пред момците на Пасквал да реагираат. Лазаров погоди уште три пати (два пати од игра и еден седмерец), па Саубич реализираше контранапад и кога Карабатиќ погоди во 18 минута, Барса поведе со 7:8. Во израмнетиот натпревар, од 21 до 24 минута, гостите направија мини-серија од 0:4 и побегнаа до одморот. Гурбиндо, Нодесбо и Хуанин Гарсија само ја валоризираа одличната одбрана и интервенциите на Штербик. Со 10:14 на полувреме, старо-новиот првак го трасираше патот кон нова победа. Милош Божовиќ со два гола го отвори вториот дел, но едноставно Барса има милион „ресурси„ и дозирано ги користи за да ја оствари целта. Се разигра Рутенка откако влезе во игра, погоди два пати и Раул Ентрериос и брзо беше 14:20. Лазаров во 41 минута го постигна својот петтти гол за 14:22, а кога Рутенка на половина од вториот дел погоди по трет пат веќе се беше извесно (16:25). Неколку минути подоцна со головите на Саубич и Карабатиќ, гостите стигнаа до првата двоцифрена предност (18:28). Следуваа два гола на Пабло Качеда Гонзалез и серија од 4:1 на Ваљадолид (22:31).
Во игра без притисок и со драстично послаби одбрани, Барса со два гола на Гурбиндо и еден на Карабатиќ го затвори натпреварот со нова победа на рутина од 25:35. Лазаров со 6 гола пак најефикасен во својата екипа. Карабатиќ со 5 и Раул Ентрериос и Ромеу со по 4 гола дадоа голем придонес во победата. Штербик со 15 интервенции полека влегува во ритам во клучниот дел од сезоната. Шариќ и капитенот Томас не настапија во 26 победа во меч за бодови, од исто толку одиграни меча за екипата на Пасквал. Гонзалез со 7 гола и голманот Вердехо со 10 интервенции, заслужуваат преодна оценка кај Ваљадолид. Уште ноќва Барселона се враќа дома и во мир го подготвува неделниот меч во Манхајм со Рајн Ловен Некер.
Комплетниот извештај од натпреварот можете да го погледнете ТУКА:




