ВИДЕО: Барса пред предизвикот наречен Рајн Ловен Некер
Архивирана титулата во ASOBAL лигата, големата Барселона ништо не препушта на случајноста и го подготвува наредниот предизвик. Утре изутрина патува за Ваљадолид, а овој меч со релативно послаб противник ќе им послужи на Лазаров и другарите за добра подготовка за двомечот со Рајн-Ловен Некер во наредните два викенда.
Експедицијата на Барселона во сабота патува за Манхајм, а в недела го игра првиот меч од четвртфиналето со германскиот претставник. Но од клубот веќе од сега мислат и на реваншот на 26 април, па лансираа интересно видео кое треба да ја анимира каталонската јавност да ја наполни „Палау Блауграна„ и да му помогне на својот тим да обезбеди место на Final four турнирот во Келн. Многу работи ќе бидат појасни по првиот меч овој Велигденски викенд, но од Барселона очекуваат максимална подршка, па можеби и овосезонски рекорд во нивната арена.




