Во Барселона се подготвува ASOBAL славје

По ЕХФ неделата во Барселона во мир се подготвува мечот кој математички ќе ја верификува титулата и ќе му овозможи на Лазаров и другарите во мир да ги подготват последните две цели оваа сезоната - Лигата на шампионите и Купот на Кралот. В петок навечер во „Палау Блауграна„ гостува Арагон и со триумф уште една сезона по ред, каталонците ќе ја освојат ASOBAL лигата. Овој пат имаат и дополнителна цел.
Треба да се повтори успехот на Сиудад Реал од сезоната 2009/10, кога тимот на Душебаев ја освои лигата без ниту еден пораз. Сега Барса на Пасквал е на прагот тоа да го направи со максимални 30 победи или 60 бода. Ова ќе биде четврта титула во серија на Барселона, вкупно 21 во шпанскиот ракомет, 13 откако постои ASOBAL. Дури подоцна ќе се подготвува четвртфиналето на Лигата на шампионите против Рајн-Ловен Некер во втората половина од април.




