hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

Лазаров меѓу нај-спортистите на Битола во последните 50 години

kire 50g bt sportist scan

Сојузот на спортови на Битола годинава одбележа 50 години од традиционалниот избор на 10 најдобри спортисти на градот. Од наредната година изборот ќе биде коренито променет во критериумите, а предвидено е да бидат повикани и сите претходни лауреати. Во 1999 година додека настапуваше во Пелистер како 19 годишно момче, Кирил Лазаров ја освои оваа награда пред мотоциклистот Горан Пановски и алпскиот скијач Александар Стојановски.

Лазаров спаѓа меѓу најмладите победници во изборот, а таа година со Пелистер го освои домашниот шампионат и избори место како најмлад во репрезентацијата на Македонија на светското првенство во Египет 1999 година, во ростерот на Стевче Стефановски и Драган Нишевиќ. Сите податоци околу изборот се издадени во книгата на новинарот Димче Миновски „Најдобри меѓу најдобрите„

Share