
Македонската ракометна репрезентација доби два стари познаници и еден новајлија во квалификациите за ЕП во Полска во 2016 година. Имено 10 репрезентација од последното европско првенство ќе биде во група со Франција, Чешка и Швајцарија, а само најдобрите две од секој група ќе се пласираат на наредниот континентален собир.
Група 1: Хрватска, Норвешка, Холандија, Турција
Група 2: Данска, Белорусија, Литванија, БиХ
Група 3: Словенија, Шведска, Словачка, Летонија
Група 4: Србија, Исланд, Црна Гора, Израел
Група 5: Унгарија, Русија, Португалија, Украина
Група 6: Франција, Македонија, Чешка, Швајцарија
Група 7: Шпанија, Германија, Австрија, Финска
Првиот меч Македонија ќе го игра на домашен терен против Швајцарија, а термините дополно ќе бидат одредени.