
Денешната потврда на титулата првак на Шпанија е уште едно големо постигнување за македонскиот ракометар Кирил Лазаров. Тој во својата колекција додаде уште еден трофеј, со што освои четири национални првенства во четири различни земји. Имено по трофеите првак на Македонија со Пелистер, првак на Хрватска со Загреб Кроација Осигурање и првак на Унгарија со Фотекс Веспрем, сега следи титулата првак на Шпанија во дресот на Барселона.
Лазаров е првиот македонски спортист, кој освоил четири различни национални првенства во текот на неговата богата кариера. Оваа низа се надоврзува на рекордот на освоени национални Купови со четири различни екипи во четири различни земји, кој го постави пред две сезони во дресот на Сиудад Реал.