ФОТО: Семејна подршка за ракометарите на Барса во Келн
![]()
Освојувањето на Лигата на шампионите е главна цел на целиот клуб, па така Барселона по поразот во ланското финале од Хамбург се надева дека оваа година ќе отиде чекор понатаму и ќе стане европски првак. За тоа потребна им е подршка од сите страни. Така семејствата на ракометарите заеднички облечени во дресовите на Барса ќе ги бодрат ракометарите на двата викенд натпревари.
ФОТО: Барса прва пристигна во Келн
![]()
Уште во средата навечер делегацијата на Барселона пристигна во „Радисон блу„ хотелот во Келн, кој се наоѓа веднаш до „Ланксес арената„ каде ќе се играат четирите средби на петтиот Final four. Откако ја освоија титулата на почетокот од мај, кога триумфираа и во Купот на Кралот, од Барселона се подготвуваат за овој викенд, за разлика од двата германски тима кои до последното коло од Бундеслигата се бореа за подобар пласман.
Oткажано каталонското Суперкуп финале
![]()
Каталонската ракометна федерација го откажа финалето на Суперкупот помеѓу Барселона и Грањолерс кое требаше да се одигра на 13 мај. Иако терминот беше поместен се очекуваше дека ќе биде пронајде нов, но без образложение вчера стигна веста дека мечот нема да се одигра.
Лазаров прв стрелец во Барса во нејзината перфектна сезона
![]()
Kако и минатата година во дресот на Атлетико Мадрид, Кирил Лазаров и во својата прва сезона во дресот на Барселона е прв клубски стрелец во екипата која ги сруши сите рекорди. Лазаров ги одигра сите 30 натпревари и постигна 131 гол со одличен процент на реализација од 71%. 57 гола од девет метри, 30 од линијата од шест метри и 32 релизирани седмерци од 37 можни е деталната статистика на нашиот капитен.
Пасквал и Ентрериос ги продолжија договорите со Барса
![]()
Шампионскиот тренер на Барселона Хавиер Пасквал го продолжи договорот со каталонскиот клуб до 2017 година, со што се обврзува и во наредните три сезони да ги предводи актуелните шампиони на Шпанија. Постоечкиот договор Пасквал го врзуваше до јуни 2015, а со новиот двегодишен договор Пасквал ќе може да ја зголеми својата колекција која во овој момент „тежи„ 20 трофеи.
ФОТО: Анимиран филм за сезоната на Барса
![]()
Најзабавниот начин да се отслика сезоната на ракометната секција на Барселона го најде продукција која е блиска до клубот и направи анимиран филм со случки од целата сезона. Каризматичните „Барса тунс„ се составен дел од фудбалската екипа на Барселона, а сега изготвија и 90 минутен филм со сите ракометни звезди. Свој цртан лик од сега имаат Лазаров, Карабатиќ, Пасквал и останатите и претставува добра забава и за најмладите, но и за повозрасните љубители на ракометот.
Пујол ќе го бодри Лазаров и Барселона во Келн
![]()
Легендарниот капитен на Барселона, Карлес Пујол кој ја заврши својата блескава епизода во матичниот клуб и пред некоја недела се прости од амбиентот, соиграчите и навивачите најави дека наредниот викенд со семејството ќе биде во „Ланксес арената„ во Келн да ја бодри ракометната секција на Барселона во обидот да ја освои европската титула.
Победа во Логроњо и перфектна лига за Барселона
![]()
Натурхаус Ла Роха - Барселона 26:31 (14:15)
Ракометарите на Барселона го повторија успехот на Сиудад Реал и остварија максимални 30 победи и со 60 бода ја завршија приказната во ASOBAL лигата. На последното гостување кај Натурхаус Ла Роха во Логроњо, Лазаров и другарите славеа со 26:31, откако во вториот дел го скршија отпорот на противникот. Во првиот дел домаќините беа рамноправен ривал и благодарение на Александар Тиуменцев играа постојано гол за гол со Барса.
Како Кирил Лазаров делуваше како лидер и во првото интервју на 14 години
![]()
Малкумина знаат дека првото интервју на Кирил Лазаров тогаш како надежен ракометар, младински репрезентативец и член на Овче Поле го направил Ненад Живановски за неделникот „Скок„ на 26 октомври 1994 година. Во тоа интервју на Лазаров и на Благојче Крстев може да се препознаа љубовта на Кире кон ракометот, неговата одлучност и покрај проблемите и карактерот.
ФОТО: Лазаров повика на подршка за Србија и Б и Х
![]()
Најдобриот македонски ракометар Кирил Лазаров од Барселона се приклучи во хуманитарната акција за помош на семејствата на загрозените и настаданите во Србија и Б и Х. Македонскиот ракометен ас порача сите да бидат хумани и да се приклучат на неговата иницијативата и иницијативата на серија на познати личности од светот на спортот и јавниот живот. Неговиот пример треба да го следат и сите ракометни вљубеници.




