hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

ВИДЕО: Аџиќ: „Барселона мислеше дека е во финале„

dragan adzic

Селекторот на женската репрезентација на Црна Гора, Драган Аџиќ имаше своја анализа за полуфиналните мечеви од Final four во Келн. Дури и имаше свој фаворит за финалето, иако е неблагодарно да се прогнозира по овој развој на настаните во второто полуфинале:

Повеќе...

Пасквал: „Јас сум виновен за поразот, оставете ги ракометарите„

xavi pascual keln

Скоро 40 минути траеше пресконфернцијата по второто полуфинале, а најчесто новинарите одговорите ги бараа кај тренерот на Барселона Пасквал, кој не бегаше од одговорноста:

„Игравме со многу осцилации посебно во првото полувреме. На почетокот на вториот дел, Шариќ не врати во игра. Имавме многу шанси да го добиеме натпреварот, но не ги искористивме. Оставете ги ракометарите, јас сум виновникот за поразот„ беше јасен во долгата прес-конференција тренерот на Барселона.

Повеќе...

Второ германско финале и пак меѓу Кил и Фленсбург

kil - flensburg

Aко Кил е многу чест учесник на завршниот турнир или финалните двомеч средби во Лигата на шампионите, Фленсбург по седум години се враќа во европско финале на најсилниот Куп. И во сезоната 2006/07 кога последен пат играше, противник му беше Кил. Тогаш во двомеч „зебрите„ на убедлив начин славеа со вкупни 57:55 (28:28 во Фленсбург и 29:27 за Кил во „Шпаркасе арена„)

Повеќе...

Лазаров за прв пат ќе игра во малото финале

lazarov-landin1

Во третиот обид да ја освои Лигата на шампионите во овој формат најдобриот македонски ракометар Кирил Лазаров заглави во полуфиналето. За прв пат во Келн е поразен во саботниот натпревар и по трет пат во кариерата патот во Лигата на шампионите ќе го заврши на претпоследното скалило.

Повеќе...

Барса се самосовлада, Фленсбург втор финалист

barca - flensburg 2

Барселона - Фленсбург 39:41 по пенали 36:36 32:32 (17:18)

Во меч кој Барса неколку пати го имаше на дофат за прв пат седмерците решаа за патникот во финалето и пресудија на страната на германците. Каталонците добро го почнаа мечот и Хуанин Гарсија и Рутенка наговестија расположено попладне за фаворитот. Но германците играа смирено и кога Рутенка и Лазаров не реализираа по еден седмерец, добија на самодоверба. Нодесбо со две реализирани полуконтри во 12 минута го принуди Врањеш на тајм-аут при 6:4.

Повеќе...

ФОТО: Ложата на СЕХА лигата навива за Барса и Лазаров

SDC19119

Подршката за ракометарите на Барселона во полуфиналето доаѓаше од повеќе групи на „Ланксес арената„ Во ложата на СЕХА лигата, македонците безрезервно навиваа за Барселона и капитенот на македонската репрезентација Кирил Лазаров.

Повеќе...

ФОТО: Пујол од првиот ред навива за Барса

carles puyol vo keln

Довчерашниот капитен на фудбалската секција на Барселона Карлес Пујол, кој од пред неколку недели најави дека ќе пристигне во Келн, се појави во првиот ред веднаш до теренот, за од најдобра можна позиција да го следи мечот. Пујол во дресот на капитенот Виктор Томас заедно со неговите пријатели, енергично го гледаше мечот, како кога играат неговите фудбалски колеги.

Повеќе...

ФОТО: Претставена МВП наградата за најдобриот во Келн

mvp nagrada

Една од иновациите на овогодинешниот Final four во „Ланксес арената„ во Келн е новиот VELUX трофеј за МВП играчот на завршниот турнир. Откако вчера преку гласањето на своите читатели и посетители на официјалната веб страна, ЕХФ ги избра најдобрите на сезона (Лазаров беше во идеалниот состав) сега најавува нова награда.

Повеќе...

„Зебрите„ пак кобни за Веспрем

naj

Веспрем - Кил 26:29 (13:13)

Германскиот првак Кил е првиот финалист на овогодинешниот Final four во „Ланксес арената во Келн. Првото полуреме беше преполно со грешки. Алиловиќ се разбрани, а цели 16 минути Сјостранд ништо не одбрани и беше заменет со Паличка. Кога унгарците играјќи по „нотите„ на Чема Родригез поведоа со 11:8, се чинеше на одмор ќе заминат со предност. Но неколку лесни гола дадоа Палмарсон и Валур Сигурдсон, а и судиите подадоа рака за „зебрите„ дури и да поведат.

Повеќе...

Eкс-Ју колонија на петтиот Final four

eks ju

Иако на завршниот турнир има две германски, една шпанска и една унгарска екипа, бројот на ракометари од бившата југословенска школа е се поголем и поголем. Во сите четири екипи гравитираат ракометари од бившите југословенски републики, а има и неколкумина кои настапувале за некој од тие репрезентации, па се одлучиле да го сменат репрезентативниот дрес. Eве го комплетниот список на ракометари од бившите југословенски простори:

Повеќе...