ФОТО: Во Келн се слави ракометната игра
![]()
Ракометниот викенд во Келн е вистински празник на овој спорт и германците така го перфекционизираа што вистински мерак е да се биде гледач, навивач, волонтер, известувач од Final four викендот. Веќе 3-4 часа пред стартот на натпреварите во сегментот пред „Ланксес арената„ се собираат навивачи на сите четири тима, па дури и може да се пронајдат и фанови на Рајн Ловен Некер кои избрзале да купат билет, веројатно по оние +8 од првиот меч со Барса.
ФОТО: Фановите на Лазаров со авторски маички и знаме
![]()
Скоро толку брајни како и навивачите на Барселона, фановите на најдобриот македонски ракометар Кирил Лазаров подготвени пристигнаа во Келн. Голем дел од нив со редовната авионска линија Скопје - Келн, некои со автомобили, а ги има и тие кои од европските земји стигнаа до вредното парче хартија за четирите средби овој викенд.
Новиот предизвик на Никола Карабатиќ
![]()
Дефинитивно преминот во Барселона беше полн погодок за францускиот репрезентативец Никола Карабатиќ. Игра како препороден, силно е мотивиран и овој викенд во Келн за него може да биде историски. Не само што в џеб има пет титули со својот нов клуб, туку стана и европски првак во Данска со триколорите (беше прогласен за МВП) и може заедно со Седрик Сорондо да ги освои сите ракометни титули и на клубска и на репрезентативна сцена во само една година. Карабатиќ има полна витрина со трофеи, европско, светско и олимписко злато со Франција, а два пати бил и европски клубски првак и тоа со две различни екипи.
Барса против бундеслигашите, традиција долга 30 години
![]()
Во сезоната 1973/74 Барселона за прв пат се сретна со екипа од Бундеслигата. Во мечот со Гумерсбах, каталонците загубија со 20:15. Од 25 гостувања на терените во Бундеслигата, Барселона има 5 победи 2 нерешени натпревари. Останатото беа 18 порази со 620 постигнати и 705 примени гола.
500.000 евра за победникот на Final four
![]()
ЕХФ објави какви се премиите за освојувањето на петтиот Final four во „Ланксес арената„ во Келн. Победникот севкупно ќе добие половина милион евра, што е највисоката премија од стартот на овој тип на натпревари. 150.000 евра eкстра премија ќе добие екипата која в недела ќе стане шампион на стариот континент. За пласманот во полуфиналето премијата е 40.000 евра, а за финалистите дополнителни 45.000 евра.
Десет години по ред европски првак е шпанска или германска екипа
![]()
Од европската титула на словенската екипа Пивоварна Цеље во сезоната 2003/04, европската титула во ракомет за мажи завршува во една од двете најквалитетни лиги, шпанската или германската. Оваа сезона само Веспрем може да ја спречи доминацијата на клубовите од овие две првенства:
Легендите на Барса ја предводат вечната листа
![]()
Од дрим-тимот на Барселона на Валеро Ривера трагите се толку силни што на врвот на вечната листа се наоѓаат ракометари од тоа време. Најмногу Куп или Лига на шампионите освоиле Андреј Шчепкин, Давид Баруфет и Хавиер О Калахан, дури по 7 пати. Томи Свенсон, Масип, Ортега и Ињаки Урдагарин освоија по 6 европски круни.
ВИДЕО: Михајловски: „Барса и Кил ќе играат во финалето„
![]()
Во експедицијата која од Скопје патуваше за Келн за петтото издание на ракометниот Final four на Лигата на шампионите се најде и Михајло Михајловски, претседателот на СЕХА лигата. Тој најави дека очекува незаборавен ракометен викенд и има свои нескриени фаворити во полуфиналните мечеви
Лазаров и сезонава во идеалниот тим на Лигата на шампионите
![]()
Ракометарот на Барселона и на македонската репрезентација Кирил Лазаров повторно е избран во идеалниот тим на сезоната во Лигата на шампионите. Тој доби 42,04% од гласовите и ја победи конкуренцијата на Вугринец и Наџи. Ново големо признание за континуитетот на Лазаров.
ФОТО: Семејна подршка за ракометарите на Барса во Келн
![]()
Освојувањето на Лигата на шампионите е главна цел на целиот клуб, па така Барселона по поразот во ланското финале од Хамбург се надева дека оваа година ќе отиде чекор понатаму и ќе стане европски првак. За тоа потребна им е подршка од сите страни. Така семејствата на ракометарите заеднички облечени во дресовите на Барса ќе ги бодрат ракометарите на двата викенд натпревари.




