Таубате, претставник на Јужна Америка во Доха
![]()
Бразилскиот тим Таубате е победник на панамериканскиот ракометен турнир на шампионите, и со тоа учесник на IHF Супер Глоб во Катар во август оваа година. На Барселона на Кирил Лазаров, која ќе ја брани титулата освоена минатата година, ќе и се приклучат Етуал од Тунис, Ел Џаиш од Катар и актуелниот првак на Европа Фленсбург.
Билетите за реваншот со Грција во продажба од утре
![]()
Ракометната „треска„ до неделниот реванш дуел со Грција започна, а билетите за овој спортски спектакл ќе бидат пуштени во продажба в среда на 11 јуни. Цените на влезниците за овој натпревар ќе изнесуваат 300 и 400 денари, а за очекување е истите да бидат експресно разграбани.
Од Атина црвено-жолтите многу поблиску до Катар
![]()
Плеј-оф за СП - Катар 2015 година
Грција - Македонија 25:27 (12:13)
Во мирна атмосфера која и тоа како им годеше на македонските репрезентативци во Атина, започна првата половина од плеј-оф двомечот со нашиот јужен состав Грција. Борко Ристовски одбрани две топки, но Тео Евангелидис го постигна првиот гол на средбата. Миркуловски и Стоилов реплицираа со комбинација за израмнување во третата минута (1:1). Кирил Лазаров со скок-шут во шестата минута, за прв пат ја доведе Македонија во водство (2:3).
Сигурдсон, соиграч на Лазаров во Барселона
![]()
Искусниот исландски репрезентативец Гудјон Валур Сигурдсон е нов член на шпанскиот првак Барселона. 34 годишниот ракометар го напушти Кил и се пресели во клубот каде што настапува нашиот Лазаров. Сигурдсон доаѓа на позицијата лево крило, каде со години настапуваше капитенот на каталонците Хуанин Гарсија. Тој настапуваше во Данска за Копенхаген, во Германија за Тусем Есен, Гумерсбах, Рајн Ловен Некер и Кил со кого две сезони по ред е германски првак, а оваа сезона стана и европски вицешампион.
Лазаров кандидат за Екс-Ју играч на сезоната

Најдобриот македонски ракометар Кирил Лазаров е номиниран за играч на сезоната од просторите на бившата Југославија во изборот на специјализираниот ракометен портал „Balkan-handball„ Ракометарот на Барселона е во друштво на Домагој Дувњак од Хамбург, кој го освои ова признание минатата година, Ренато Сулиќ од Веспрем, Марко Вујин од Кил и Момир Илиќ кој беше најдобар стрелец во Лигата на шампионите со Веспрем.
Кои се највлијателните луѓе во денешниот ракомет?
![]()
Во своето најново издание германскиот ракометен магазин „Handball time„ направи ранг листа на 100 највлијателни луѓе во светот на ракометот. Во иста категорија се прифесионални ракометари, оперативци во ракометните истанци, тренери, судии, луѓе кои работат во и околу ракометот.
ВИДЕО: Андерсон: „Ова ми е најдрагиот трофеј„
![]()
Искусниот шведски голман Матијас Андерсон зад себе остава една од најпозитивните сезони во кариерата. Имено и во Бундеслигата беше најдобар голман и собра многу признанија, а неговите перформанси во Келн беа дури и ниво погоре од претходното. Со вредниот пехар од кого не се одделуваше, Андерсон говореше за медиумите во прегратката на неговиот син, кој прв дотрча да му честита во хотелот во Келн по долгото славје на новиот европски првак:
ВИДЕО: „Имавме среќа, но таа треба да се заслужи„
![]()
Човекот кој е во центарот на вниманието по викендот на ракометните гиганти во Келн е некогашниот шведски репрезентативец Љубомир Врањеш, кој на Фленсбург му ја подари првата европска титула. Пресреќен беше по победата над Кил и вториот за него трофеј оваа сезона по освојувањето на и на германскиот Куп
Палмарсон, МВП на Final four 2014
![]()
24 годишниот ракометен ас од Хафнафјордур, Арон Палмарсон е првиот добитник на наградата за МВП, која од оваа сезона почна да ја доделува ЕХФ. Плејмејкерот на Кил израсна во лидер на оваа екипа и по повредата на Филип Јиха ги превзеде работите во свои раце. Сепак тоа не беше доволно да се освои европската круна покрај супермотивираниот Фленсбург.
Иако не е МВП, Андерсон е човекот на одлука
![]()
36 годишниот голман на шведската репрезентација, Матијас Андерсон е најзаслужен за трофејот од Final four во Келн, иако не беше награден од организаторот со МВП наградата. Тој беше главен архитект на победата во финалето против Кил и со 19 одбрани широко ја отвори вратата за првата европска круна на неговиот Фленсбург.




