Прво учество на македонската пења на конгресот на Барселона
![]()
На вчерашната редовна годишна конференција на ФК Барселона, како полноправен член учествуваше и првата македонска пења на славниот каталонски клуб со седиште во Струмица. Имено тоа беше деби за приврзаниците на овој голем клуб во структурите на клубот и добра назнака за во иднина. Македонското лоби од секогаш имало свои претставници во ова големо спортско друштво.
Барса се стреми на 61 натпревар и 7 титули
![]()
Минатата година Барселона одигра 60 официјални натпревари и освои пет од можните шест трофеи. Годинава клубот си постави цел да одигра 61 натпревар, што знали дека покрај ASOBAL лигата би стигнала до завршницата на останатите Куп натпреварувања, оваа година во борба за седум трофеи.
Во наредните две сезони во ASOBAL ќе се игра со Молтен топки
![]()
Асоцијацијата на клубови при ASOBAL лигата вчера ја промовираше новата топка со која во наредните две сезони ќе се играат сите натпревари под покровителство на ASOBAL. Потпишан е договор со јапонската компанија Молтен, која претходно добро се проби на одбојкарскиот пазар.
Тарагона домаќин на ASOBAL Суперкупот
![]()
Првиот трофеј во сезоната на шпанскиот ракомет ќе биде доделен во Тарагона. Официјална е инфирмацијата дека арената во Тарагона ќе биде домаќин на ASOBAL Суперкупот помеѓу Барселона и Грањолерс на 31 август од 17 часот. „Тарасо арена плаза„ која собира околу 5000 гледачи, ќе биде поприште на дуелот на двата каталонски ривали или на шампионот и финалистот на Купот на Кралот од минатата сезона.
Томас, Шариќ и Нодесбо капитени на Барса во новата сезона
![]()
Како и минатата сезона капитен на Барселона останува репрезентативното крило Виктор Томас. Негова замена ќе биде голманот Даниел Шариќ, а единствената замена е тоа што данецот Јаспер Нодесбо е именуван за трет капитен на шпанскиот првак по заминувањето на ветеранот Хуанин Гарсија.
ФОТО: Три тренинзи дневно и природна рекуперација за звездите на Барса
![]()
Почетокот на подготовките на Барселона ни малку не е лесен. Деновиве на Андора, Лазаров и другарите имаат и по три тренинзи дневно, како би ја поставиле базата за долгата и напорна сезона. Куриозитет е тоа што по вчерашниот тренинг звездите на Барса на природна рекуперација отидоа до соседната река на Андора.
Барса ги започна подготвките па веднаш се упати на Андора
![]()
Утринава од 8 часот со првата прозивка официјално започнаа подготовките на Барселона за новата сезона 2014/15. Со новајлиите Жалуз и Гонзало, групата од 17 ракометари под водство на стручниот штаб на Хавиер Пасквал започна со огромен ентузијазам за уште подобра сезона од минатагодишната.
ФОТО: Барса и Лазаров подготвени за стартот на подготовките
![]()
В понеделник ракометарите на Барселона ќе ги започнат подготовките за новата сезона 2014/15, во која ќе бранат пет трофеи освоени од минатата сезона, а и ќе се обидат да ја освојат Лигата на шампионите, која за влакно им бега од рацете во последните две сезони. Ракометарите полека пристигнуваат во Каталонија овој викенд, а нашиот Кирил Лазаров веќе е во Барселона и имаше можност да се запознае со новата опрема на Барселона, која ќе претрпи мали измени за разлика од минатата сезона.
Лазаров втор пат со наградата „Trofeo Powerade„
![]()
Најдобриот македонски ракометар Кирил Лазаров по втор пат во кариерата ја добива наградата „Trofeo Powerade„ заради континуитетот во дресот на Барселона минатата сезона. Лазаров во дресот на Барселона одигра 38 натпревари и постигна 176 гола во сите конкуренции под АSOBAL, во сезоната 2013/14.
Барса со осум гостувања оваа есен во ASOBAL лигата
![]()
Ракометарите на Барселона од минатата недела го знаат распоредот на новата ASOBAL лига, во која ја бранат титулата освоена минатата година. Во есенскиот дел кој почнува на 6 септември, а завршува на 13 декември, Лазаров и другарите ќе одиграат седум домашни и осум гостински натпревари. Потоа во јануари следува светското првенство во Катар, а ASOBAL лигата официјално продолжува во фебруари 2015 година со пролетниот дел. Еве го комплетниот распоред на шампионот Барселона:




