Гостувањата од секогаш биле баук за македонската репрезентација
![]()
Во скоро две децении официјални мечеви на македонската репрезентација, голема е разлика во нашите резултати на домашен и гостински терен. Сеуште едноцифрен е бројот на наши победи во официјални мечеви на гостински терен. Во очекување на мечот со Чешка, нашата ракометна архива открива дека надвор од нашите граници сме славеле на теренот на Луксембург, Белгија, Израел, Турција, Грција, Швајцарија, Естонија, Летонијан и Бугарија.
ФОТО: Македонија ќе игра во арена со само 1750 места
![]()
Злин е град на хокејот и овој град има арена за 5000 места, но квалификациониот натпревар меѓу Чешка и Македонија ќе се игра во малата „Еуроникс арена„ која собира 1750 места и се наоѓа на ридот од кој се гледа целиот град. Салата има само две трибини, но тие се блиски до теренот и атмосферата знае да биде жешка.
Лазаров броеше до 13, Македонија моќна против Швајцарија
![]()
Квалификации за ЕП - Полска 2016
Македонија - Швајцарија 27:20 (12:8)
Како и што македонската јавност очекуваше, со многу авторитет македонската ракометна репрезентација ја совлада Швајцарија и со триумф ги отвори квалификациите за европското првенство во Полска 2016 година. Иако квалитетот целосно е на страната на Македонија, гостите беа жилави и дури на почетокот на второто полувреме беше скршен отпорот на гостите.
Бенидром ги испоти звездите, но бодовите се каталонски
![]()
Бенидорм - Барселона 25:28 (16:10)
Во познатото шпанско одморалиште блиску до Аликанте, ракометарите на Барселона го имаа последниот официјален натпревар пред репрезентативната пауза. Без Сергеј Рутенка, тренерот Пасквал беше дециден дека екипата сака да одпочне нова позитивна серија по ремито во Данска. Во жежок амбинет мотивираниот нов член на ASOBAL лигата во целост го положи тестот против шампионот. Со головите на Квартеро Санчез и Сантонја, домаќините поведоа со 2:0. Одговори Никола Карабатиќ со два гола за 2:2 во 4 минута.
Пуерто Сагунто, противник во осминафиналето на Купот
![]()
По вчерашната ждрепка за осминафиналето од Купот на шпанскиот Крал, бранителот на трофејот Барселона за противник го доби тимот на Пуерто Сагунто, со кого ќе се бори за пласман во четвртфиналето на 5 ноември на теренот на противникот. Минатата година двете екипи се соочија во четвртфиналето и Барса славеше во двомеч со убедливи 21:42 во гости и 44:27 во „Палау Блауграна„
Барса испушти победа, Долк му донесе реми на данците
![]()
Колдинг Копенхаген - Барселона 27:27 (14:16)
Ракометарите на Барселона испуштија сигурна победа на гостувањето кај Колдинг Копенхаген и за прв пат оваа сезона ремизираа. Во меч во кој водеа скоро во сите 60 минути, кобни беа последните две минути и грешките кои го вратија данскиот првак во игра. Без разлика што Барса ја задржа непобедливоста и остана на првото место во групата, пропуштена е можноста да се продолжи максималниот ефект, по меч во кој на моменти Лазаров и соиграчите имаа и 3,4 гола предност. Данскиот тим полн со одлични ветерани како Хвидт, Спелерберг, Јоргенсен од оваа сезона посилен и за повратникот Ким Андерсон, до последен момент веруваше во подвиг и успеа да стигне до реми, благодарение на серијата од 3:1 во последните две минути од мечот.
Вртоглав интерес за Кирил Лазаров на социјалните мрежи
![]()
Скоро 43.000 луѓе го следат најдобриот македонски ракометар Кирил Лазаров на неговата официјална страна на Фејсбук. Оваа импресивна бројка е достигната за нешто преку две години откако официјално започна со работа официјалната веб страна на ракометарот. Преку индиректна комуникација „фановите„ на Лазаров на неговиот Фејсбук профил можат да ги пронајдат сите вести, фотографии и видеа од неговата официјална страна, како и занимливости поврзани со неговата кариера.
Барса со рекорд, откако дојде Лазаров 100% победи
![]()
Барселона на нашиот Кирил Лазаров постави нов рекорд во ASOBAL лигата откако против Хуеска ја забележа 38 та победа во шпанската лига едноподруго. Претходниот рекорд го држеше исто така Барселона, но во генерацијата од 2009/10 до 2010/11. Последен пат каталонците загубија во последното коло од сезоната 2012/13, кога го „положија оружјето„ пред Натурхаус ла Роха во Логроњо.
Пак преку 40 гола и победа без мака за Барса
![]()
Барселона - Хуеска 42:29 (21:15)
Еден од најсериозните тестови во првата половина од есенскиот дел на ASOBAL лигата, ракометарите на Барселона го имаа и го положија против Хуеска во „Палау Блауграна„ По 45 секунди тунужанецот Жалуз го отвори резултатот за домаќините. По голот на Картон, следеа првите комбинаторни акции на шампионот и голови на Гурбиндо и Сорондо за 4:2 во 5 минута. Лазаров влезе во игра во 7 минута само да изведе седмерец и погоди за 6:3. Хуеска брзо преку Естебан фаќа приклучок до 6:6, но Раул Ентрериос со својот втор гол ја враќа предноста во 11 минута. Крилата Сигурдсон и Томас со два гола од транзиција во 13 минута зголемуваат на 9:7.
Пораз во драматична завршница за пионерите на„ Лазарови„
![]()
По победата во првиот натпревар во Кавадарци против Тиквеш, пионерската екипа на Лазаров од Свети Николе одигра многу драматичен натпревар во второто коло и тоа на домашен терен против штипски Текстилец. Во меч со мал број на голови и многу пресврти, на крајот Текстилец издвојува победа во Свети Николе со 11:12.




