hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

Пак преку 40 гола и победа без мака за Барса

barca - huesca 1

Барселона - Хуеска 42:29 (21:15)

Еден од најсериозните тестови во првата половина од есенскиот дел на ASOBAL лигата, ракометарите на Барселона го имаа и го положија против Хуеска во „Палау Блауграна„ По 45 секунди тунужанецот Жалуз го отвори резултатот за домаќините. По голот на Картон, следеа првите комбинаторни акции на шампионот и голови на Гурбиндо и Сорондо за 4:2 во 5 минута. Лазаров влезе во игра во 7 минута само да изведе седмерец и погоди за 6:3. Хуеска брзо преку Естебан фаќа приклучок до 6:6, но Раул Ентрериос со својот втор гол ја враќа предноста во 11 минута. Крилата Сигурдсон и Томас со два гола од транзиција во 13 минута зголемуваат на 9:7.

Жалуз со три врзани гола за прв пат носи +5 на половина од првиот дел. Откако домаќините со серија 5:0 го скршија моралот на Адам Савиќ, Ноласко намали на 12:8. Гудјон Валур Сигурдсон со нов гол од контранапад во 19 минута, предноста ја зголемува на 15:8. По тајм-аутот на гостинската клупа, Кортес и Косано намалија на 16:10, но брзо реагираше Томас и со два гола од акции во два потези, фрлена топка од Шариќ и реализација на капитенот, зголеми на 18:10. Шариќ се разбрани, а пак со комбинаторна игра, Барса го пробиваше гостинскиот одбранбен ред и голманот Савиќ за 20:12 во 27 минута. Касадо со вториот свој гол ја прекина серијата на каталонците, а Виктор Молинас и Марко Ескрибано од крилна позиција спуштаат на -5. Виктор Томас го постигна последниот гол во првиот дел, кој Барселона го реши во своја корист со 21:15. Лазаров погоди на почетокот на вториот дел за 22:16, па реализираше и седмерец за +7 за домаќините. Мугерза ефектно го совлада Гонзало и ја прекина серијата на домаќините во 36 минута. Пабло Хернадез на голот на Хуеска собра 5 одбрани во првите 10 минути од вториот дел.

Но Лазаров го совлада по четврт пат за највисоки 27:18 за фаворитот. Томас со нови два гола го мина Жалуз на врвот на листата на стрелците за 29:20, а Молина Косано на половина од вториот дел намали на 30:22. И Рутенка се запиша меѓу стрелците со гол од крилна позиција за 32:22 во 38 минута. Лазаров преку блокот го постигнува својот петти гол за 35:23 во 52 минута. Кортес само за момент ја прекина серијата „голови како на филмска лента„ на фаворитот и намали на 36:24, а до крајот во серија на обострани голови Барса издвојува победа од 42:29. Во победничката екипа фантастичен беше Томас со 10 гола, 6 постигна тунижанецот Жалуз, а 5 придодадоа Лазаров и Сигурдсон. Кај Хуеска најпозитивен Касадо Марсело со 5 постигнати го, а и голманот Пабло Хернандез имаше солидно второ полувреме со 6 одбрани. В недела во Данска против Колдинг Копенхаге, каталонците ќе го имаат најсериозното гостување од почетокот на новата сезона 2014/15.

Комплетниот извештај од натпреварот можете да го погледнете ТУКА:

Share