
По вчерашната ждрепка за осминафиналето од Купот на шпанскиот Крал, бранителот на трофејот Барселона за противник го доби тимот на Пуерто Сагунто, со кого ќе се бори за пласман во четвртфиналето на 5 ноември на теренот на противникот. Минатата година двете екипи се соочија во четвртфиналето и Барса славеше во двомеч со убедливи 21:42 во гости и 44:27 во „Палау Блауграна„
Младинската екипа на Барселона за противник го доби тимот на Адемар Леон, со кого ќе игра осминафинален меч во Каталонија. Од минатата година и завршницата на Купот на Кралот се игра со Final four, наместо турнир на најдобрите осум екипи како до пред две сезони.