hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

Лазаров ја почнува својата 19 Лига на шампиони

KIRE-LAZAROV-NA-ZAGREVANJE-615x400

Од сезоната 1994/95 година, кога дебитираше во дресот на Борец како младо момче на натпреварите со Динамо Букурешт и Елгоријага Бидасоа, Лигата на шампионите е вообичаен сопатник за Кирил Лазаров. Секоја година со исклучок на сезоната 1997/98, кога со Пелистер настапуваше во ЕХФ Купот, капитенот на нашата ракометна репрезентација е рекордер по бројот на голови, а се ближи и до вечните рекорди по бројот на одиграни натпревари во најсилниот куп.

Повеќе...

Барса мина и во Кангас и со максимални победи патува во Шведска

cangas - barca

Фригорификос Моразо - Барселона 28:35 (14:22)

На гостувањето во Кангас ракометарите на Барселона го имаа последниот тест пред европското деби в недела во Шведска. Каталонците одлично влегоа во мечот и со головите на Нодесбо и Карабатиќ поведоа со 3:5 во 8 минута. Шариќ лошо го почна мечот, но ништо подобар не беше ни Мијушковиќ. Потоа се разигра Сигурдсон и постигна два последователни гола во 12 минута и веќе беше 5:9. Комбинаторната игра најмногу му годеше на Нодесбо кој ги собираше додавањата од надворешните ракометари и погодуваше од линијата.

Повеќе...

Лазаров, Сигурдсон и Томас со перфектен старт на сезоната

1937492 780636658666463 7452518769831993356 n

Официјалната веб страница на Барселона направи анализа на првиот дел од сезоната во кој Барса освои три трофеи и со три победи ја отвори новата ASOBAL лига. Нашиот ракометар Кирил Лазаров е најдобар стрелец во 11 официјални натпревари кои зад себе ги остави шпанскиот првак. Тој постигна 59 гола, од кои 23 на IHF Суперглоб, по 18 во двата Суперкупа и 18 во првите три натпревари од домашното првенство.

Повеќе...

Барса со нов триумф, Лазаров без грешка

lazarov-615x4001

Барселона - Анхел Хименез 31:16 (16:9)

Перфектниот старт на сезоната во ASOBAL лигата, првакот Барселона го заокружи со лесната победа против Анхел Хименез, издвојувана и без капитенот Виктор Томас. Момците на Пасквал почнаа спектакуларно со две асистенции на Лазаров за ефектни голови на Жалуз и Сигурдсон. Виран Морос со брз гол од контранапад во 4 минута, носи 3:1 за домаќините. Реакцијата на гостите од Кордоба беа акциите за пивотменот Баена за 4:3 во 6 минута. Лазаров од првиот скок-шут на ефектен начин ја одржа максималната реализација на каталонците (5:3).

Повеќе...

ФОТО: Трите најнови титули го красат музејот на Барса

4pehari

Плодните август и септември, ракометната секција на Барселона ги одбележа со остварување на првиот дел од планот и освојување на трите титули. Најнапред во Љобрегат беше совладан Грањолерс во каталонскиот Суперкуп, а неполна недела подоцна во Тарагона, Лазаров и другарите го освоија и ASOBAL Суперкупот со победа против истиот соседен ривал.

Повеќе...

Виктор Томас повреден, ќе отсуствува од 4 до 5 недели

Victor Tomas.v1408736920

Во второто полувреме на мечот од второто коло на ASOBAL лигата помеѓу Хелветиа Анаитасума и Барселона, капитенот на Барселона Виктор Томас се здоби со силен удар во десната рака. Медицинските тестови кои беа извршени денес дијагностифицираа фрактурта на коската и пауза од 4 до 5 недели.

Повеќе...

Томас и Сигурдсон ја наполнија мрежата на Хелветиа

viktor tomas

Хелветиа Анаитасума - Барселона 30:43 (19:21)

Првото гостување во ASOBAL лигата шампионот Барселона го имаше кај Хелветиа Анаитасума. Домаќините добро почнаа и со два гола на Ечевесте поведоа со 4:2. Но во 90,100 секунди првакот возврати и преку Томас и Сигурдсон поведе со 4:5. Да Силва со левата рака преку блокот во 9 минута погоди за 5:5. Сорондо од одпадок во 12 минута го врати водството на гостите. Гонзало се разбрани на голот и од минута во минута Барса со лесни голови доаѓаше во поголема предност. Кога Томас погоди за 6:9, домашната клупа побара тајм-аут во 13 минута.

Повеќе...

ФОТО: Македонска победа во Доха

Share2014-09-12-7d2218778413c014d04bc04b300949833f760d95419573fa0fa8d3f04fa043f2-Picture jpg

Завршницата на IHF Суперглоб беше по втор пат на турнирот со македонци на и околу теренот. Нашиот најдобар ракометар Кирил Лазаров по трет пат стана светски клубски првак, што од нашата земја претходно не му успеало на ниту еден ракометар, а по еднаш на светскиот клубски врв со своите екипи се искачиле фудбалерите Панчев, Најдовски и Пандев.

Повеќе...

Доха среќна за Лазаров, трета светска круна, 8 трофеј со Барса, 41 во кариерата

10659248 721979311188774 1813904036744938046 n

Катарскиот град Доха како да е среќен за Кирил Лазаров кој по трет пат по ред станува светски клубскиот првак во овој град на својот петти мундијал. Овој трофеј е трет оваа сезона за само неполни три недели со Барселона, со која откако премина од Мадрид во Каталонија освои 8 трофеи за нешто повеќе од една година. Овој трофеј е 41 во кариерата на Кирил Лазаров.

Повеќе...

Барса на врвот на светот, Лазаров и другарите го „скршија„ Ал Саад

10620670 748961578483182 2372262337762703031 n

Ал Саад - Барселона 26:34 (14:16)

Неполна недела по првиот нивни меч во рамките на Б групата, Барса и катарскиот Ал Саад се соочија во меч за светската титула во Доха. Рутенка во третата минута го отвори резултатот и доби силен удар во главата. Лесни голови брзо постигнаа и Сигурдсон и Гурбиндо за 0:3 во 4 минута. Амине Банур од седум метри погоди за прв гол за Ал Саад. Лесно катарската одбрана ја пробиваа Сармиенто и Гурбиндо и со по два гола зголемија за 3:6 во 8 минута. Но и бело-црните знаеа како до лесни голови и Албиши реализира контранапад за 5:6.

Повеќе...