ФОТО: Трите најнови титули го красат музејот на Барса

Плодните август и септември, ракометната секција на Барселона ги одбележа со остварување на првиот дел од планот и освојување на трите титули. Најнапред во Љобрегат беше совладан Грањолерс во каталонскиот Суперкуп, а неполна недела подоцна во Тарагона, Лазаров и другарите го освоија и ASOBAL Суперкупот со победа против истиот соседен ривал.
Круна на првиот дел од сезоната беше одбраната на титулата на IHF Суперглоб турнирот во Доха, каде Барселона ги доби сите пет натпревари и стана светски клубски првак. Капитенот Виктор Томас и неговите заменици Даниел Шариќ и Јаспер Нодесбо заедно со тренерот Хавиер Пасквал и одговорните луѓе на ракометната секција во клубот, ја збогатија и така големата збирка на трофеи и признанија на големото каталонско спортско друштво. И со сигурност пак ќе се навратат да донесат некој трофеј во музејот до крајот на сезоната.




