Доха среќна за Лазаров, трета светска круна, 8 трофеј со Барса, 41 во кариерата

Катарскиот град Доха како да е среќен за Кирил Лазаров кој по трет пат по ред станува светски клубскиот првак во овој град на својот петти мундијал. Овој трофеј е трет оваа сезона за само неполни три недели со Барселона, со која откако премина од Мадрид во Каталонија освои 8 трофеи за нешто повеќе од една година. Овој трофеј е 41 во кариерата на Кирил Лазаров.
Сите трофеи на Кирил Лазаров:
Освојувач на IHF Супер глоб:
3 пати (1 со Атлетико Мадрид (Шпанија) и 2 со Барселона (Шпанија))
Национален првак: 15 пати
(2 со Пелистер (Македонија), 7 со Бадел 1862 Загреб (Кроација осигурување Загреб) (Хрватска), 5 со Фотекс Веспрем (Унгарија), 1 со Барселона (Шпанија)
Освојувач на националниот Куп: 16 пати
(2 со Пелистер (Македонија), 5 со Бадел 1862 Загреб (Кроација осигурување Загреб), 5 со Фотекс Веспрем (Унгарија), 3 со Сиудад Реал (Атлетико Мадрид) (Шпанија), 1 со Барселона))
Освојувач на АСОБАЛ Купот:
2 пати (1 со Атлетико Мадрид и 1 со Барселона (Шпанија))
Освојувач на АСОБАЛ Суперкупот:
4 пати (2 со Атлетико Мадрид (Реновалиа Сиудад Реал) и 2 со Барселона (Шпанија))
Освојувач на Каталонскиот Суперкуп:
1 пат (со Барселона)




