Барса лесно обезбеди четвртфинале на Купот
![]()
Пуерто Сагунто - Барселона 31:45 (16:22)
Во осминафиналето на Купот на шпанскиот Крал, каде Барса ја брани титулата, фаворитот се прошета победувајќи го Пуерто Сагунто во Валенсија со убедливи +14. Барса постави нов рекорд со неверојатни 45 постигнати гола во 60 минути игра. Иако дури 11 ракометари настапуваа за своите репрезентации во текот на минатата недела, сепак со само еден заеднички тренинг, Пасквал ги подготви за мечот во Валенсија. Мечот сепак започна многу израмнето со 14 минути во кои се играше гол за гол и со 7:7 гостите успеаа да го скршат отпорот на Пуерто Сагунто.
Лазаров прв стрелец по две квалификациони кола
![]()
Со три освоени бода во првите две кола, македонската ракометна репрезентација најави успешни квалификации за европското првенство во Полска 2016 година. Уште подобар беше стартот на нашиот капитен Кирил Лазаров, кој веднаш изби на првото место на листата на стрелците по два одиграни натпревари. Имено ракометарот на Барселона има 23 постигнати гола на двата меча со Швајцарија во Скопје и со Чешка во Злин.
Убедлива победа на пионерите на Лазарови
![]()
Ракометната школа Лазарови од Свети Николе забележа нова убедлива победа во пионерскиот шампионат на Македонија. Во мечот против Торо Спорт од Виница, Лазаров славеа со убедливи 25:9 со многу подобра игра во текот на целиот натпревар.
Цимерскиот пакт
![]()
Тандемот Лазаров - Ристовски, повторно беше на висината на задачата кога на Македонија тоа им беше потребно. Ги цениме ние, повеќе или помалку, овие два лика, секој ќе ги посака во својот тим. За играчкиот квалитет не треба да се трошат зборови, па, кога колата ќе замине низ брдо, некој мора да каже:
ФОТО: По мечот ремито се славеше како победа
![]()
Чуден, полн со турболенции и неизвесност беше нашиот пладневен меч во Злин по кој „Фалангата„ се радуваше на бодот како на победа. Со оглед на квалитетот на нашата група и изразената моќ на Франција, овој бод може да не доведе во многу поволна ситуација сами да си ја кроиме нашата судбина на мечот со Чешка во Скопје.
Лазаров: “Старите волци„ го спасија мечот
![]()
Капитенот Кирил Лазаров пак мечот го заврши со двоцифрен број на голови и во моментите на колективна слабост ја повлече групата да верува впо пресврт. По мечот јасни потенцираше дека "старите волци„ го извлекоа мечот од пораз:
"Бодот е голем, нема дилема дека ова е еден голем бод за мирно продолжение на квалификациите. Првото полувреме имавме две лица, едното беа црните први 15 минути, период каде што одигравме како што не игра ниту една маалска екипа, ниту некој почетници. Ни се случи што ни се случи, не знаевме како да изреагираме. Тоа се случува и во сите врвни екипи сепак, но мечот е 60 минути, па нормално е во текот на играта да има криза.
Ристовски: „Мора од ова реми да извлечеме поуки„
![]()
Јунак на средбата и најзаслужен за нашиот бод беше Борко Ристовски кој со 24 одбрани го одбележа својот 32 роденден и му подари бод на нацијата. Неговите интервенции дадоа сигурност кај соиграчите и Македонија се извлече од многу сериозна ситуација попладнево во Чешка:
Борко и Кире не извлекоа од „амбисот„ во Злин
![]()
Квалификации за ЕУРО 2016
Чешка - Македонија 27:27 (18:11)
Голем бод за македонската ракометна репрезентација на гостувањето во Злин кај Чешка, во тензичен и меч со многу пресврти. Некој да предвидуваше дека со 10 гола на Лазаров и 24 одбрани на Ристовски ќе се бориме за реми, немаше да му поверуваме. Но мечот во малата арена во Злин како да беше поделен во три дела. Момците на Обрван почнаа концентрирано и одлично во одбраната. Борко собра 8 интервенции во првите 7 минути и фрли две милиметарски прецизни контри за Манасков и Лазаров за 2:5 во 7 минута.
ФОТО: Јиха оптимист од првиот ред ги бодри соиграчите
![]()
Повредите не го штедат најдобриот чешки ракометар Филип Јиха, кој минатата сезона ја освои Бундеслигата со Кил. Но и покрај неможноста да настапи во Злин, тој од првиот ред ја бодреше својата репрезентација против македонската. Јиха пред мечот беше непоправлив оптимист и беше убеден во победа на својата репрезентација.
Близу 100 членови на „Фалангата„ ќе ги бодрат црвено-жолтите
![]()
Како и на секое гостување години наназад, македонската ракометна репрезентација нема да биде без подршка на гостувањето во Злин. Близу 100 навивачи кои дојдоа од татковината со автомобили или автобуси и дел од македонците кои живеат во Чешката република и соседните земји, се собраа оваа недела во малата „Еуроникс арена„ да му дадат подршка на националната репрезентација.




