Ристовски: „Мора од ова реми да извлечеме поуки„

Јунак на средбата и најзаслужен за нашиот бод беше Борко Ристовски кој со 24 одбрани го одбележа својот 32 роденден и му подари бод на нацијата. Неговите интервенции дадоа сигурност кај соиграчите и Македонија се извлече од многу сериозна ситуација попладнево во Чешка:
„Како што кажав и пред натпреварот, ракометната селекција на Чешка е квалитетна која иако беше ослабена, нѝ парираше за време на целиот меч. Играчите кои ги менуваа отсутните беа непознати за нас и нѐ изненадија, затоа што не може од само едно до две видеа од нивната игра да се направи комплетна слика за противникот. Мора да бидеме презадоволни со освоениот бод. За малата деконцентрација во играта се собраа повеќе работи. Направивме неколку грешки кои нѐ пресекоа, имавме лоша игра во нападот, а верувам дека и непознавањето на противничките ракометари заедно со гостинскиот терен го направија своето. Тие лесно го искористија нашето невнимание и не контрираа. Чешка не е слаба селекција како што изгледа на хартија. На оваа ракометна селекција никогаш не ѝ недостасувала мотивацијата, секогаш го даваме максимумот за да победиме. Се надевам дека овој меч ќе биде една лекција за нас од кој ќе извлечеме поуки " додаде јунакот во Злин.
Зоран Мишевски




