
Ракометната школа Лазарови од Свети Николе забележа нова убедлива победа во пионерскиот шампионат на Македонија. Во мечот против Торо Спорт од Виница, Лазаров славеа со убедливи 25:9 со многу подобра игра во текот на целиот натпревар.
Со оваа победа против фенерџијата екипата од Свети Николе се зацврсти на третото место на табелата во пионерскиот шампионат на Македонија. Водечки е тимот на Текстилец од Штип.