
На вчерашната редовна годишна конференција на ФК Барселона, како полноправен член учествуваше и првата македонска пења на славниот каталонски клуб со седиште во Струмица. Имено тоа беше деби за приврзаниците на овој голем клуб во структурите на клубот и добра назнака за во иднина. Македонското лоби од секогаш имало свои претставници во ова големо спортско друштво.
Во овој момент настапуваат Давид Бабубски во фудбалската и Кирил Лазаров во фудбалската секција, а во минатото дресот на кошаркарскиот тим го носел и Владо Илиевски. Преку својата пења Македонија сега има и организирана група на активисти и приврзаници на клубот, кој воодушевува милиони луѓе ширум планетата и тоа во повеќе спортови.