hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

Ваел Жалуз трето засилување на Барселона

zalus1

По голманот Гонзало и искусното крило Сигурдсон, Барселона го донесе и третото засилување во преодниот рок. Левиот бек на екипата на Кил, Ваел Жалуз е нов член на европски гигант од Каталонија. Откако во Кил дојдоа шпанскиот репрезентативец Јоан Канељас и хрватскиот бек Домагој Дувњак, очигледно дека за високиот тунижанец немаше да има место во тимот.

Но и како член на Барселона ќе наиде на голема конкуренција со оглед на многу искусни и проверени ракометари нкои играат на неговата позиција. Сепак покрај нив веројатно многу ќе научи. Кирил Лазаров и Ваел Жалуз и покрај тоа што ќе бидат соиграчи, по ждрепката во Доха на мундијалот во јануари во 2015 година ќе бидат ривали во дуелот на Македонија и Тунис.

Share