hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

ФОТО: Лазаров ги посети и ги охрабри кадетите во Маврово

kire so kadetite 1

Деновиве во Маврово во тек е втората фаза од подготовките на нашата кадетска репрезентација за ЕП во Полска. Вчера гостин на македонските кадети беше капитенот на сениорската репрезентација, Кирил Лазаров. Тој присуствуваше на тренингот на селекторот Александар Јовиќ и разговараше и ги охрабри ракометарите пред големиот собир кој ги очекува.

kire so kadetite 2

Лазаров одсекогаш напоменувал дека мора да се посвети големо внимание на младите категории, бидејќи иднината на нашиот ракомет „лежи„ токму во овие категории.

kire so kadetite 3

Иако официјалниот старт на подготовките Барселона ќе го има на 4 август, Лазаров веќе тренира и со нетрпение се подготвува за новите предизвици.

kire so kadetite 4

Од 1 август ќе биде во Каталонија за да ја започне втората сезона во дресот на славната Барселона.

Share