hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

Во наредните две сезони во ASOBAL ќе се игра со Молтен топки

topka

Асоцијацијата на клубови при ASOBAL лигата вчера ја промовираше новата топка со која во наредните две сезони ќе се играат сите натпревари под покровителство на ASOBAL. Потпишан е договор со јапонската компанија Молтен, која претходно добро се проби на одбојкарскиот пазар.

ASOBAL веќе дистрибуираше топки на сите 16 клубови од најсилната шпанска лига и тие веќе тренираат со нив. Дебито новата Молтен топка ќе го има на ASOBAL Суперкупот во Тарагона помеѓу Барселона и Грањолерс на 31 август.

Share