Сигурдсон ја одбра 19 во Барса
Шпанскиот шампион Барселона официјално го претстави своето прво големо засилување за сезоната 2014/15, исланѓанецот Гудјон Валур Сигурдсон. Бившиот ракометар на Кил беше пресреќен во првото обраќање пред новинарите и истакна дека никогаш не размислувал штом агентот му јавил дека постои интерес од Барселона:
„Не можам да опишам колку сум среќен што му се приклучувам на клуб од калибарот на Барселона и што ќе имам привилегија да живеам во град како Барселона. Многу сум задоволен и мојата цел број еден е да ја освојам Лигата на шампионите, затоа што сѐ уште не сум ја освоил. Се надевам дека ќе ѝ помогнам на екипата и на тренерот Пасквал. Знам дека ќе има голем притисок за да успееме во целта, но ветувам дека ќе дадам сѐ од себе за тој сон да стане реалност. Наследувам играч како Хуанин Гарсија кој беше меѓу најдобрите во светот на оваа позиција во последните две децении" рече новиот ракометар со број 19 на Барселона на официјалната пресконференција.




