hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

Четврто светско првенство за Македонија

409256 356271577734731 2118052507 n

Победата во двомечот против Грција само ќе го зајакне рејтингот на македонската ракометна репрезентација, која по четврт пат во својата историја ќе игра едно светско првенство. Огненото крштевање беше во 1999 година во Египет, кога Македнија заврши на 18 место.

Следеше долг период на неуспеси во бараж мечевите за пласман на светско првенство, за во 2009 година да го оствариме најголемиот успех на ова натпреварување со 11 место во Хрватска. Нашето трето и до овој момент последно учество на мундијалите беше ланското шпанско искуство, каде Македонија загуби во осминафиналето од Германија и на крајот го зазеде 14 место.

Share