
Светскиот клубски првак Барселона на Кирил Лазаров денес ги дозна своите противници на IHF Супер глоуб, кој пак ќе се одржи во Доха. Барселона и Фленсбург беа носители во денешната ждрепка на групите. Еве го распоредот на двете групи:
А група
Фленсбург
Ел Џаиш
Таубате
Вајд карта
Б група
Барселона
Ал Саад
Есперанца
Претсавник на Океанија
Турнирот ќе се одржува од 7 до 12 септември во катарскиот главен град, а титулата ја брани Барселона која во ланското финале го совлада Хамбург.