Аргентина доминира во Јужна Америка, на мундијалот и Бразил

Во пресрет на 20 јули и ждрепката за светското првенство во 2015 година во Доха, познати се и скоро па последните патници на мундијалот. Од Пан-американскиот шампионат за пласман се бореа преку 10 селекции, а се квалификуваа Бразил и Аргентина. Бразилците во групата А беа првопласирани со победи на САД (28:17), Гватемала (54:12) и Уругвај (32:15), додека Аргентина исто така завршија како први во групата Б со три победи над Гренланд (33:20), Мексико (33:16) и Чиле (34:19).
Во полуфиналните пресметки Бразил го совлада Чиле со 36:28, а Аргентина беше поуспешна од Уругвај со 30:16. Според програмата денес во финалето Аргентина го совлада Бразил со 30:19 во уругвајскиот град Каналонес. Еве ги репрезентациите кои до сега се пласираа на Мундијалот 2015: Чешка, Русија, Австрија, Полска, Шведска, Хрватска, Данска, Франција, Белорусија, Словенија, БиХ, Македонија, Катар, Шпанија, Алжир, Египет, Тунис, Бахреин, Иран, Обединети Арапски Емирати и Австралија.




