Пет од пет во сезоната за Лазаров и Барселона
![]()
Со сигурност ова ќе биде најуспешната сезона во кариерата на Кирил Лазаров. Никогаш претходно немал пет трофеи во една клубска сезона, а постои простор за освојување на уште две. Имено се започна во август и септември минатата година, кога капитенот на македонската репрезентација во Доха го освои IHF Суперглоб со победата над Хамбург, а на шпанската сцена триумфираше во Сарагоза против Натурхаус ла Роха во ASOBAL Суперкупот.
Куп број 16 за Лазаров, титула со петта различна екипа
![]()
Со освоениот национален Куп на Шпанија, бројот на трофеи на Кирил Лазаров порасна до 38, а од нив најмногубројни се токму трофеите од куповите во земјите во кои настапувал, дури 16. Со оваа титула освоена во Памплона, македонскиот ас Купот го освојувал со пет различни екипи: Пелистер, Бадез 1862 Загреб, Фотекс, Сиудад Реал (Атлетико Мадрид) и Барселона.
Офанзивен спектакл и Куп титула за Барса
![]()
Барселона - Грањолерс 42:32 (22:17)
Каталонското финале за титулата во Купот на Кралот беше вистински офанзивен арсенал на модерен ракомет. Со многу подобри и побрзи акции во нападот и ровити одбрани, поискусната Барселона подобро ги исконтролира емоциите. Рутенка по 27 секунди го постигна првиот гол на средбата. Возврати Перез Мартинез со два гола под ногата на Шариќ за 1:2. Лазаров првиот гол го постигна во петтата минута за 3:3.
Каталонско дерби во финалето на Купот на Кралот
![]()
Како и во финалето на ASOBAL Купот во декември, двата соседни каталонски клубови Барселона и Грањолерс ќе играат во финалето на Купот на шпанскиот Крал во Памплона. Ако Барса лесно се справи со домашната Хелветиа Анаитасума, тимот на Грањолерс мораше да се мачи до последната секунда за да го совлада тимот на Хуеска со 26:25 (12:13).
Лазаров блескаше, Барса во финалето на Купот на Кралот
![]()
Хелветиа Анаитасума - Барселона 28:36 (10:17)
Според очекувањата Барселона си ја заврши првата половина од работата и обезбеди ново финале од Купот на Шпанскиот Крал. По две полуфиналиња и изненадувачки порази од Ваљадолид и Атлетико Мадрид, се чини дека овој пат нема да има простор и за трета сензација. Во фантастичен амбиент првиот гол во првото полуфинале го постигна нашиот Кирил Лазаров по само 19 секунди.
Хамбург подобар од Фленсбург во Бундес-дербито за трето место
![]()
Во мечот на двата германски гиганти кои играа во Лигата на шампионите и се сретнаа во осминафиналето и четвртфиналето со Вардар, Хамбург го совлада Фленсбург со 29:26 (14:16) во мечот од 30 коло на Бундеслигата. Со оваа победа Хамбург изби на третото место во германскиот шампионат, последно место за директен пласман во Лигата на шампионите, и на четири кола до крајот на Фленсбург му престои тешка задача да го мине.
Барса го враќа трофејот од Купот на Кралот по четири години
![]()
Овој викенд во Памплона се одржува 39 завршница на Купот на Шпанскиот Крал. Ако Кирил Лазаров во последните две години го освојуваше трофејот со Атлетико Мадрид, големата Барселона цели четири години е без освоен трофеј во ова натпреварување. Во 2010 година во Антакера, каталонците го совладаа Адемар Леон со 38:35 и ја освоија 17 титула од Купот на Кралот. Тоа беше првиот трофеј на Паксвал, откако го наследи Маноло Каденас на клупата на Барселона.
Барса - Фленсбург од 18 часот
![]()
ЕХФ го објави календарот и сатниците за полуфиналните мечеви на Final four во Келн. Имено уште од вторникот се знаат полуфиналните парови, но од денес се знае и редоследот на натпревари. Во сабота на 31 мај, најнапред во првото полуфинале од 15:15 часот ќе играат Кил и Веспрем, а вториот меч за влез во финалето помеѓу Барселона и Фленсбург се игра од 18 часот.
Спектакл и нова победа пред завршницата на Купот
![]()
Барселона - Хуанферса 38:25 (19:12)
Во опуштен амбиент по пласманот во полуфиналето на Лигата на шампионите, ракометарите на Барселона дојдоа и до 27 последователна победа оваа сезона во ASOBAL лигата. Против Хуанферса од Хихон, Лазаров и другарите први примиа гол преку Костоја Родригез. Фаворитот брзо реагираше и данецот Нодесбо со три гола во 6 минута донесе 4:2 за Барселона. Словакот Мартин Страновски од позиција на лево крило во следниот напад погоди за +3.
Барса против Фленсбург за финале на Final four
![]()
Како и во своето прво учество на Final four во дресот на Реновалиа Сиудад Реал, Кирил Лазаров за пласман во финале ќе мора да мине германски противник. Денешната пладневна ждрепка му го донесе Фленсбург како противник на Барселона во првото полуфинале на Final four на 31 мај во 15:15 часот во „Ланксес арената„ во Келн.




