Барса го враќа трофејот од Купот на Кралот по четири години
Овој викенд во Памплона се одржува 39 завршница на Купот на Шпанскиот Крал. Ако Кирил Лазаров во последните две години го освојуваше трофејот со Атлетико Мадрид, големата Барселона цели четири години е без освоен трофеј во ова натпреварување. Во 2010 година во Антакера, каталонците го совладаа Адемар Леон со 38:35 и ја освоија 17 титула од Купот на Кралот. Тоа беше првиот трофеј на Паксвал, откако го наследи Маноло Каденас на клупата на Барселона.
Наредните години следеа неуспешни обиди, сопрени во полуфиналето или финалето. Во 2011 година Ваљадолид ја доби Барса во полуфиналето со 26:25 во Виго. Наредната 2012 година во Теревиеха, Атлетико Мадрид на Кирил Лазаров го победи тимот на Пасквал со 37:31 и ја освои титулата. Минатата година мадриѓаните пак ја добија Барселона, овој пат во полуфиналето во Логроњо, со 31:28 и подоцна го освоија трофејот против домашниот Натурхаус Ла Роха. Кога последен пат Барса го подогна трофејот од Купот, тоа беше легендарниот Давид Баруфет како капитен. Сега Томас и другарите имаат за цел трофејот од Купот да го донесат во Каталонија. Во полуфиналето во петок од 18:30 часот, Барселона игра со Хелветиа Анаитасума. Подоцна во второто полуфинале ќе играат Хуеска и Грањолерс. Финалето е в недела на 4 мај.




