hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

Каталонско дерби во финалето на Купот на Кралот

granolers

Како и во финалето на ASOBAL Купот во декември, двата соседни каталонски клубови Барселона и Грањолерс ќе играат во финалето на Купот на шпанскиот Крал во Памплона. Ако Барса лесно се справи со домашната Хелветиа Анаитасума, тимот на Грањолерс мораше да се мачи до последната секунда за да го совлада тимот на Хуеска со 26:25 (12:13).

Хуан Гонзалез со 7 и Квартеро Санчез со 6 гола беа најефикасни во тимот на Грањолерс, а Руиз Санчез постигна 7 гола кај поразената Хуеска. Покрај вечерашното финале, двете екипи ќе играат и во финалето на каталонскито Суперкуп во средината на мај.

Share