hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

Трет Final four и петто полуфинале за Лазаров

lazarov-landin

Она што не му успеа минатата година во дресот на Атлетико Мадрид, Кирил Лазаров го реализираше оваа година во дресот на Барселона. По една година пауза Лазаров се враќа во Келн во потрага по своето трето финале на Лигата на шампионите и првата европска титула. За прв пат таму македонецот беше во дресот на Реновалиа Сиудад Реал во сезоната 2010/11, кога го загуби финалето од Барселона на расположениот Данијел Шариќ со 27:24. Претходно во полуфиналето екипата на Лазаров и Душебаев го совлада Хамбург си 28:24. Наредната 2011/12 Лазаров во дресот на Атлетико во полуфиналето го „бормардираше„ Копенхаген со 11 гола во победата од 25:23.

Подоцна во финалето Атлетико Мадрид загуби од Кил со 26:21. Пред да биде воведен Final four, Лазаров во дресот на Фотекс Веспрем стигна до полуфиналето во сезоната 2002/03 и беше елиминиран од Портланд Сан Антонио со пораз од 28:20 во Памплона и победа од 30:26 во Унгарија. Против истиот противник полуфинале Веспрем и Лазаров играа и во сезоната 2005/06. Унгарците славеа со 29:27 во првиот натпревар на домашен терен, но во Шпанија беше 32:29 и за „влакно„ побегна финалето. Можеби оваа е магичната година да се освои трофејот кој недостига во витрините на македонскиот ас.

Share