hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

Барса - Фленсбург од 18 часот

keln F4 trofej

ЕХФ го објави календарот и сатниците за полуфиналните мечеви на Final four во Келн. Имено уште од вторникот се знаат полуфиналните парови, но од денес се знае и редоследот на натпревари. Во сабота на 31 мај, најнапред во првото полуфинале од 15:15 часот ќе играат Кил и Веспрем, а вториот меч за влез во финалето помеѓу Барселона и Фленсбург се игра од 18 часот.

Наредниот ден на 1 јуни од 15:15 часот се игра мечот за третото место, а големото финале е од 18 часот. Нема да биде едноставно да се одиграат два тешки мечеви за 24 часа и да се распореди силата од полуфиналниот до финалниот меч.

Share