Хамбург подобар од Фленсбург во Бундес-дербито за трето место

Во мечот на двата германски гиганти кои играа во Лигата на шампионите и се сретнаа во осминафиналето и четвртфиналето со Вардар, Хамбург го совлада Фленсбург со 29:26 (14:16) во мечот од 30 коло на Бундеслигата. Со оваа победа Хамбург изби на третото место во германскиот шампионат, последно место за директен пласман во Лигата на шампионите, и на четири кола до крајот на Фленсбург му престои тешка задача да го мине.
Посебно заради распоредот кој не му оди во прилог, пред се заради гостувањето кај првакот Кил. Голманите Расмунсен и Андерсон собраа 17 интервенции, Вајнхолд со 8 и Егерт со 7 гола беа најефикасни во екипата на Врањеш. Противникот на Барселона има пласман на четвртото место кое води во квалификациите од наредната Лига на шампиони и сега се концентрира на полуфиналето со Лазаров и соиграчите на 31 мај. В недела Фленсбург го дочекува Мелсунген, па му гостува на Кил на 11 мај, а во последните две кола игра со Балинген на домашен терен на 18 и Ајзенах на гостински терен на 24 мај. За Фленсбург пласманот на Final four во Келн е прв пласман во големата четворка во овој формат на завршен турнир.




