hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

Спектакл и нова победа пред завршницата на Купот

kire skok

Барселона - Хуанферса 38:25 (19:12)

Во опуштен амбиент по пласманот во полуфиналето на Лигата на шампионите, ракометарите на Барселона дојдоа и до 27 последователна победа оваа сезона во ASOBAL лигата. Против Хуанферса од Хихон, Лазаров и другарите први примиа гол преку Костоја Родригез. Фаворитот брзо реагираше и данецот Нодесбо со три гола во 6 минута донесе 4:2 за Барселона. Словакот Мартин Страновски од позиција на лево крило во следниот напад погоди за +3.

Следуваше период од мечот во кој се играше гол за гол. Родригез погодуваше за астуријанците, а Јоан Саубич со два гола од позиција на десно крило во 12 минута, предноста ја донесе до 9:5. Фалконе погоди од седум метри, а штом влезе Кирил Лазаров во игра возврати со својот прв гол за 11:6 на половина од првиот дел. Веднаш потоа додаде за расположениот Нодесбо за двојно повисока предност за екипата на Пасквал. Расположениот капитен на нашата репрезентација во свој стил го заврши првиот дел со серија на голови.

Уште три пати погоди од позиција на десен бек, а реализираше контранапад за 17:11 во 27 минута. Лежерниот прв дел шпанскиот шампион го заврши со голот на Раул Ентрериос како одговор за оној на Џорџе Голубовиќ за +7 на полувреме. И почетокот на вториот дел имаше свој протагонист како крајот на првиот. Овој пат младото крило Давид Белегер Ромеу со три гола во серија, предноста ја донесе до 22:13 во 33 минута. Пасквал постојано ротираше и им даде шанса на сите свои ракометари.

На другата страна Хуанферса со вториот гол на Голубовиќ и првиот на Гунтин дојде до 25:16 во 38 минута. Најнапред Сорондо од позиција на кружен напаѓач и Лазаров веднаш потоа за прв пат ја направија предноста двоцифрена (26:16). На средината од вториот дел пак каталонците „нагазија„ и водени од Раул Ентрериос дојдоа до највисоки +13 во 41 минута. Во таква игра, практично како на тренинг, имаше и периоди на опуштеност кај суперзвездите на Барса. Рамос и Фалконе ја заокружија третата четвртина од мечот со два гола за 30:19 во 45 минута. Полека меѓу стрелците се редеа сите кои Пасквал ги пријави во протоколот. Гурбиндо од дистанца, па Хуанин Гарсија кој штотуку влезе во мечот погодија за 33:21. Мигуел Пареха Рамос со инвидуална мајсторија во 53 минута разликата пак ја доведе до најчестите +10 за Барселона. Но и тогаш домаќините немилосрдно додадоа на ангажман и Гурбиндо со два гола на Барселона му донесе највисоки 37:23. Дури и младиот Касал доби шанса и постигна гол во претпсоледната минута.

На крајот финални 38:25 и уште еден чекор кон перфектна титула со 30 победи од исто толку мечеви. Конкретно на овој меч најефикасен беше Нодесбо со 7 гола, нашиот Лазаров додаде уште 5, а по 4 постигнаа Белегер Ромеу и Гурбиндо. Французинот Робин одбрани 8, а Данијел Шариќ 7 топки. Кај Хуанферса најефикасен беше Костоја Родригез со 6 гола, Гунтин додаде уште 4, а голманите одбранија само 6 топки. Одлична увертира за Лазаров и другарите во пресрет на Final four на Купот на шпанскиот крал овој викенд во Памплона.

Комплетниот извештај од натпреварот можете да го погледнете ТУКА:

Share