hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

ФОТО: Пујол и Пике навиваа за Лазаров и другарите

puyol i pique

Во тажната недела на спортското друштво Барселона по смртта на Тито Виљанова, стигнаа неколку одлични вести за останатите секции на големиот спортски бренд. Футсал екипата стана европски првак, а кошаркарите и ракометарите обезбедија пласман на Final four. „Вулканот„во „Палау Блауграна„ даде ефект и ракометарите на Барселона ги стигнаа седумте гола кои од Германија ги донесе Рајн Ловен Некер.

Како и во секоја слободна прилика на трибините беа присутни професионалците од фудбалската секција. Овој пат Карлес Пујол и Жерард Пике „грицкаа нокти„ во текот на сите 60 минути за Лазаров и другарите. Камерите го уловија Пике како праќа бакнежи на малиот Милан преку неговиот мобилен телефон. Многу често и ракометарите на Барселона ја возвраќаат посетата и ги бодрат своите колеги од најпопуларниот спорт.

Share