
Најзабавниот начин да се отслика сезоната на ракометната секција на Барселона го најде продукција која е блиска до клубот и направи анимиран филм со случки од целата сезона. Каризматичните „Барса тунс„ се составен дел од фудбалската екипа на Барселона, а сега изготвија и 90 минутен филм со сите ракометни звезди. Свој цртан лик од сега имаат Лазаров, Карабатиќ, Пасквал и останатите и претставува добра забава и за најмладите, но и за повозрасните љубители на ракометот.

Добра најава за најважниот викенд во сезоната, кој може да биде причина за нов ваков анимиран филм на почетокот на новата сезона. Сите ракометари и стручниот штаб добија по една копија од анимираниот филм за Барселона.