hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

Лазаров: „За европска круна ни требаат два перфектни меча„

ehf kire intervju

Најдобриот македонски ракомет Кирил Лазаров за официјалната веб страна на ЕХФ се осврна на претсојниот Final four во Келн, на кој ќе се обиде да го освои единствениот трофеј кој му недостасува во неговата богата кариера.

„Ова е мој трет завршен турнир и се надевам дека со искуството во претходните два, ќе бидам подобар оваа година. Не би се сложил дека Фленсбург нема доволно добри шутери како што имаме ние. Јас многу го респектирам овој германски тим, кој од сезона во сезона напредува. Нема да биде лесно против нив на германско тло. Можеби ќе беше полесно да игравме два меча, но Фленсбург дефинитивно заслужи да биде меѓу четирите најдобри.

Во Келн ќе пристигнат мои пријатели од татковината. Ракометот е многу популарен во Македонија, а и оваа година двата македонски тима Вардар и Металург беа мнигу блиску до Final four. Играме добра сезона со Барселона, иако мислам дека до крај не го покажавме цел наш потенцијал. За освојување на Лигата на шампионите потребни ни се два перфектни натпревари. Не се важни моите голови и нивниот број. Едноставно важен е тимот и остварувањето на целта, за другото не се грижам„ заврши Лазаров во разговорот за Европската ракометна федерација во интервјуто реализирано во клубските простории, во „Палау Блауграна„ и на легендарниот „Ноу Камп„

Share