hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

Победа во Логроњо и перфектна лига за Барселона

naturbarca

Натурхаус Ла Роха - Барселона 26:31 (14:15)

Ракометарите на Барселона го повторија успехот на Сиудад Реал и остварија максимални 30 победи и со 60 бода ја завршија приказната во ASOBAL лигата. На последното гостување кај Натурхаус Ла Роха во Логроњо, Лазаров и другарите славеа со 26:31, откако во вториот дел го скршија отпорот на противникот. Во првиот дел домаќините беа рамноправен ривал и благодарение на Александар Тиуменцев играа постојано гол за гол со Барса.

Лазаров во 9 минута го постигна својот прв гол за да намали на 5:4, а Сармиенто со убав гол во 13 минута израмни на 7:7. Пивотменот Ромеро со два гола на Натурхаус Ла Роха два пати му носеше водство, но Лазаров израмни на 9:9, а потоа Нодесбо за прв пат ја доведе Барса во водство. Момците на Пасквал успеа да дојдат и до +2 со головите на Рутенка и Сорондо, а Веласко во 29 минута го постигна последниот гол во првиот дел за 14:15 на полувреме. Како и на многу други натпревари оваа сезона, почетокот на вториот дел беше одлучувачки и за оваа победа на Барса. Рутенка даде два гола, еден од одпадок и еден со силен удар низ одбраната за осетливи 16:20 во 36 минута.

Но домаќините со головите на Тиагус Петрус се доближија до 21:22. Цел меч беше добра генерална проба за шпанскиот првак пред мечот со Флензбург наредната недела. Така во клучните моменти Шариќч одбранија серија на тешки топки и пак Рутенка повлече за 22:27 во 47 минута. Натурхаус Ла Роха реагираше и Патрианова, Масач и Тиуменцев постигнаа три неодговорени голови за 25:26 во 54 минута. Но од тој момент во наредните 4 минути, каталонците постигнаа четири гола и не примија ниту еден и побегнаа на семафорот на 25:30.

Победа со многу пот и квалитет на Барселона со 26:31 и потврда за супериорноста во шпанската лига на оваа екипа која има серија на титули, оваа последната без пораз и сеуште отворени опции за сите можни титули во ракометниот свет. Во екипата на Барселона 7 гола постигна Нодесбо, а 6 Рутенка. Нашиот Лазаров беше автор на 2 гола, а Шариќ со 22 одбрани заслужува посебно висока оценка. Кај Натурхаус Ла Роха Тиуменцев беше автор на 8 гола, а Масач придодаде уште 5. Победа за пишување на историјата за Барселона и најдобра можна клима пред мечот со Флензбург наредната сабота во Келн.

Комплетниот извештај од натпреварот можете да го погледнете ТУКА:

Share