Барса го верификува местото во големата четворка
![]()
Куп на шпанскиот Крал - Четвртфинале (втор натпревар)
Барселона - Пуерто Сагунто 44:27 (19:12)
Ракометарите на Барселона ја потврдија „визата„ за Final four на Купот на шпанскиот Крал и во мај ќе тргнат по единствениот домашен трофеј кој не го бранат од минатата сезона. Реванш мечот со Пуерто Сагунто беше само формалност и како што рече Пасквал, можност за воигрување на комбинации кои ќе бидат корисни за во иднина. За прв пат откако дојде во Шпанија, Кирил Лазаров против себе имаше за ривал македонски ракометар, бидејќи откако дојде од Катар, Димитриевски веднаш настапи против големата Барселона.
ФОТО: Звездите на Барса, атракција во Кордоба
![]()
По завршувањето на натпреварот со Анхел Хименез, звездите на Барселона не се вратија веднаш во Каталонија туку останаа во Хенил Кордоба да потпишуваат автограми и делат свои фотографии на младите ракометни надежи од овој клуб и големиот број на фанови.
Повеќе труд, но епилогот пак ист
![]()
Анхел Хименез - Барселона 25:32 (14:16)
Лидерот во шпанската ASOBAL лига Барселона мораше многу повеќе да се испоти од претходниот куп меч со Пуерто Сагунто, но пак на крајот забележа победа на гостувањето кај Анхел Хименез во Пуенто Хенил. Кирил Лазаров одигра одличен меч и беше најзаслужен за победата на Барселона. Токму Лазаров го отвори резултатот, а по пристапот видливо беше дека Барса добро влезе во мечот.
Барса е веќе во полуфиналето
![]()
Куп на шпанскиот Крал (четвртфинале - 1 меч)
Пуерто Сагунто - Барселона 21:42 (12:18)
Ракометарите на Барселона се првиот полуфиналист на Купот на шпанскиот Крал, кој во месец мај ќе го даде наследникот на Атлетико Мадрид преку второто издание на Final four. Лути по поразот од Металург, момците на Хавиер Пасквал цел бес го истурија врз екипата на Пуерто Сагунто, која во првиот дел парираше, но подоцна „го положи„ оружјето и со пораз од 21 разлика во Барселона ќе патува само за да биде уште еднаш спаринг партнер на моќната Барселона.
Лазаров, спортист за 2013 според „Дневник„
![]()
Kапитенот на македонската ракометна репрезентација и член на шпанската Барселона, Kирил Лазаров, го доби признанието за најдобар спортист зa 2013 во изборот што го направи дневниот весник „Дневник".
Пасквал: „Во Алборг се испотија и Флензбург и Хамбург„
![]()
По денешната ждрепка која на Барселона му го донесе данскиот Алборг, тренерот на европскиот вицешампион Хавиер Пасквал беше смирен и реален во анализата на противникот во првото елиминационо коло. Иако го подготвува четвртфиналето на Купот на Кралот, тренерот на дрим-тимот од Каталонија со новинарите се осврна на темата наречена, Алборг
Алборг осминафинелен ривал за Барселона
![]()
Ракометарите на Барселона го добија данскиот Алборг за противник во осминафиналето на Лигата на шампионите. Тоа е епилогот на денешната виенска ждрепка, која ги даде осминафиналните парови. Данскиот вицешампион одигра достоинствена група, но ќе биде аутсајдер во мечот со Лазаров и другарите. Последен пат големата Барса во двомеч беше елиминирана токму од екипа од Данска. Пред две сезони во четвртфиналето Копенхаген беше поуспешен од каталонците.
Барса и статистички најдобра по групната фаза
![]()
Ракометарите на Барселона водат во многу статистички категории по групната фаза на Лигата на шампионите. По 10 одиграни меча тимот на нашиот Кирил Лазаров има 348 гола, што е најмногу од сите 24 екипи. Со гол разлика од +92 гола, момците на Пасквал ја имаат и најубедливата победа до сега на турнирот: Барселона - Вакер Тун 45:26, а се протагонисти и на најпосетениот меч: Динамо Минск - Барселона 15.320 гледачи.
Познати можните ривали на Барса во осминафиналето
![]()
Утре во Виена ќе бидат извлечени паровите за осминафиналето на раометната Лига на шампиони, а веќе се знаат и трите потенцијални приотивници на Барселона на Кирил Лазаров во првата нокаут фаза од натпреварувањето. Имено каталонците ќе играат против една од трите четврто пласирани екипи во останатите групи и сигурно возвратниот натпревар ќе го играат на домашен терен.
Лазаров: „Металург имаше свој ден, треба да извлечеме поуки„
![]()
За прв пат во официјален меч Кирил Лазаров загуби од македонска екипа, а играше и против Вардар и против Металург носејќи го дресот и на Загреб и на Фотекс Веспрем, сега и на Барселона. Лазаров коректно резимираше дека Металург имаше свој ден и тоа максимално го искористи




