hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

Барса и статистички најдобра по групната фаза

metalurg - barca

Ракометарите на Барселона водат во многу статистички категории по групната фаза на Лигата на шампионите. По 10 одиграни меча тимот на нашиот Кирил Лазаров има 348 гола, што е најмногу од сите 24 екипи. Со гол разлика од +92 гола, момците на Пасквал ја имаат и најубедливата победа до сега на турнирот: Барселона - Вакер Тун 45:26, а се протагонисти и на најпосетениот меч: Динамо Минск - Барселона 15.320 гледачи.

На листата на стрелци води Магнус Персон од Халмшад со 67 гола, пред Гаспер Маргуч од Цеље Пивоварна Лашко со 65 гола. Кај Барселона Кирил Лазаров со 51 гол е прв стрелец, пред Никола Карабатиќ кој постигна 47 гола. Нашиот репрезенатативец беше дел од сите мечеви на Барса во Б групата на Лигата на шампионите.

Share