hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

Барса пристигна во Скопје без Рутенка

kire i moras

Попладнево со чартер лет од Барселона, најсилната екипа во групата, а веројатно и во Европа пристигна во Скопје, каде утре ќе го одигра последниот натпревар од првата фаза против скопски Металург. Момците на Пасквал се враќаат на местото на настанот, каде единствено не победија оваа сезона.

kire vo skopje

Сепак покрај Штербик, шпанскиот првак во Македонија пристигна без уште една голема звезда. Левиот бек Сергеј Рутенка, деновиве се пожалил на болки во левиот глужд и останал во Барселона. Неговото место ќе го пополни Чехот Михал Касал. Мечот се игра од 18 часот, а веднаш потоа делегацијата на Барселона се враќа назад во Каталонија.

Share