
Утре во Виена ќе бидат извлечени паровите за осминафиналето на раометната Лига на шампиони, а веќе се знаат и трите потенцијални приотивници на Барселона на Кирил Лазаров во првата нокаут фаза од натпреварувањето. Имено каталонците ќе играат против една од трите четврто пласирани екипи во останатите групи и сигурно возвратниот натпревар ќе го играат на домашен терен.
Така украинскиот Мотор од Запорожје, данскиот Алборг или Висла Плок се можните ривали на европскиот вицешампион. Првиот меч Барселона ќе го игра во гости во периодот меѓу 19 и 23 март, а возвратниот во „Палау Блауграна„ меѓу 26 и 30 март.