hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

Прв пораз по скоро 10 месеци на големата Барса

zuti

Од првите денови на јуни минатата година и поразот на Барселона во финалето на Лигата на шампионите од Хамбург, големиот каталонски гигант не знаеше за пораз цели 40 мечеви. Во сите натпреварувања каталонската „машина„ газеше се пред себе, се до овој последен меч од групната фаза на Лигата на шампионите. Ова е прв пораз на Барселона во мечеви со македонски претставник во европските купови.

Кирил Лазаров пак од април минатата година не знаеше за пораз на интернационални клубски натпревари. Последен пат загуби кога го носеше дресот на Атлетико Мадрид во четвртфиналето на минатата Лига на шампиони, токму од Барселона. Симболично но два пати кога Барса во 41 меч не забележа победа, тоа беше на натпреварите во Скопје. Ремито против Вардар и поразот од Металург се само опомена за екипата на Пасквал дека нема непобедливи екипи и дека сезоната е сеуште долга и полна со пречки на патот до европската титула.

Share