Барса со победи се подготвува за европската пролет
![]()
Хелветиа Анаитасума - Барселона 25:39 (13:22)
Пред враќањето на европските натпревари ракометарите на Барселона забележаа уште една победа, која само ја доближува математичката потврда на титулата. По 100 секунди Хавиер Бораган Фернандез го отвори резултатот во полза на памплонците, но следеше серија од седум минути во кои Шариќ не прими гол, а каталонците возвратија со четири гола. Три пати Карабатиќ и Нодесбо го насочија мечот кон „млинот„ на шампионот.
Marca: „Лазаров - тивкиот голгетер„
![]()
Во својот вчерашен текст, тиражниот шпански дневен спортски весник „MARCA„ го опишува Кирил Лазаров како тивкиот голгетер, кој не е така медијски експониран како останатите звезди на Барселона. Весникот го претставува Лазаров како идол на нацијата, но не е често во фокусот на медиумите во Шпанија како Карабатиќ и Рутенка.
Сите светски ракометни резултати на едно место
![]()
Пасијата на македонските љубители на ракометот не стивнува. Напротив кога има големо натпреварување, но и кога во тек е клубската сезона, нашиот вљубеник во оваа прекрасна игра го интересира секој детал. Така по рубриката „Ракометни вести„ официјалната веб страна на Кирил Лазаров преку сервисот Livescore секојдневно ќе ве информира и за сите ракометни натпревари, резултати, табели од целиот свет.
Лазаров најдобар стрелец и во Барселона
![]()
Покрај многубројните признанија во сите натпреварувања, во тековната сезона капитенот на македонската репрезентација Кирил Лазаров со 201 гол во сите седум натпреварувања е водечки стрелец на Барселона оваа сезона. 58 од тие 201 гол, македонецот постигна во Лигата на шампионите каде е прв клубски стрелец. И во Купот на шпанскиот Крал, каде Барса до овој момент одигра три натпревари, Лазаров е најдобар клубски стрелец со 17 гола, а даде и најмногу голови во ASOBAL Суперкупот - 7 гола против Натурхаус Ла Роха.
ВИДЕО: Како изгледа еден натпреварувачки ден на Барса
![]()
Големиот бренд Барселона на својата официјална страница лансираше видео кое го демонстрира начинот на кој ракометарите на Барселона се подготвуваат на денот на кој играат натпревар.
Пасквал: „Со Кире и Никола добивме на глад за титули„
![]()
Во интервјуто за официјалната веб страна на ASOBAL лигата, тренерот, на Барселона Хавиер Пасквал говореше за текот на сезоната и засилувањата кои ја направија Барселона прав дрим-тим: „Никола Карабатиќ донесе нов предизвик, потпишувајќи за Барселона. Тој е исклучителен ракометар. Тој ни дава многу, а знае и дека екипата исто така му возвраќа. Тој е хиперинтелегентен. Денес е движечка сила на Барса, исто како и некои други ракометари.
Лазаров најдобар, Барса пак незадржлива
![]()
Барселона - Грањолерс 41:29 (23:15)
Во реприза од финалето на ASOBAL Купот, Барселона на многу убедлив начин го совлада Грањолерс и се доближи до математичка потврда на нова шпанска титула. Самиот пристап во натпреварот беше показател дека нема шега со Барса. Фаворитот со Кирил Лазаров на чело, мечот го почна фантастично и по 5:1, гостинската клупа побара тајм-аут.
Познати полуфиналистите од Купот на Кралот
![]()
По одигрувањето на мечевите од четврфиналето познати се сите четири екипи кои на 3 и 4 мај оваа година ќе се борат за титулата од Купот на шпанскиот Крал во ракомет. Титулата од лани ја брани Атлетико Мадрид со Кирил Лазаров во тимот, откако ја совлада екипата на Натурхаус ла Роха во финалето во Логроњо.
ФОТО: Вака ќе изгледа новата „Палау Блауграна„
![]()
Веќе е официјално дека целиот спортски комплекс на спортското друштво Барселона ќе се реновира. Донесена е одлука да се реновира легендардниот фудбалски стадион „Ноу Камп„ а местото каде се играат спортовите во сала ќе добие нов објект. Легендарната „Палау Блауграна„ ќе биде срушена, а новиот објект кој ќе го носи истото име ќе биде изграден подолу во спортскиот комплект на местото на сегашниот фудбалски терен „Мини Естади„ каде своите натпревари ги игра Барса Б во втората шпанска лига.
Димитриевски: „Ми помогнаа советите на Кире„
![]()
За прв пат во историјата на шпанската ASOBAL лига двајца македонци играа еден против друг. Иако разликата во квалитет на нивните екипи е голема, Кирил Лазаров и Дарко Димитриевски имаа позитивни моменти во надигрувањето во меч од Купот на Кралот помеѓу Барселона и Пуерто Сагунто. Дарко Димитриевски беше еден од најдобрите играчи во својот тим, постигнувајќи 5 гола, а притоа одигра одлично и во одбраната. Пуерто Сагунто убедливо загуби со резултат 44:27. По мечот Димитриевски беше полн со комплименти за капитенот на националната репрезентација Кирил Лазаров:




