hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

ФОТО: Вака ќе изгледа новата „Палау Блауграна„

Share2014-03-05-ed6eefe457a4bf13e7c5ff646f77e68adc772bed2494e45dbcfa9a72a5ed4758-Picture jpg

Веќе е официјално дека целиот спортски комплекс на спортското друштво Барселона ќе се реновира. Донесена е одлука да се реновира легендардниот фудбалски стадион „Ноу Камп„ а местото каде се играат спортовите во сала ќе добие нов објект. Легендарната „Палау Блауграна„ ќе биде срушена, а новиот објект кој ќе го носи истото име ќе биде изграден подолу во спортскиот комплект на местото на сегашниот фудбалски терен „Мини Естади„ каде своите натпревари ги игра Барса Б во втората шпанска лига.

Новиот објект ќе собира 12.000 луѓе и ќе биде дом на четирите секции на големата Барса: кошарка, ракомет, футсал и хокеј. Веројатно за време на градбата овие секции своите домашни терени ќе ги играат на алтернативен терен, а Барселона ја има и преубавата „Палау Сант Жорди„ арена.

Share