
Пасијата на македонските љубители на ракометот не стивнува. Напротив кога има големо натпреварување, но и кога во тек е клубската сезона, нашиот вљубеник во оваа прекрасна игра го интересира секој детал. Така по рубриката „Ракометни вести„ официјалната веб страна на Кирил Лазаров преку сервисот Livescore секојдневно ќе ве информира и за сите ракометни натпревари, резултати, табели од целиот свет.
Така во секој момент ќе можете да го дознаете највозбудливото од светот на клубскиот и репрезентативен ракомет. И обложувачите нема да имаат потреба да ги „бркаат„ крајните исходи на друго место. Сега ракометот свој сервис има и на нашиот веб простор. Забавувајте се!